BEAUTYИнтервју
COVER STORY

Надворешниот изглед е само бонус кога внатрешноста е во баланс – женски муабети со водителката Маја Поцевска

„Јас сум емпатична, креативна и упорна. Сакам искреност и длабочина во луѓето и во сè што правам“ вели за Гламур нашата позната водителка Маја Поцевска

Advertisement

Нашата позната водителка Маја Поцевска важи за една од  најатрактивните дами кај нас која изгледа преубаво за нејзините години.

Advertisement

Приватна архива

Прашање: Маја, како изгледа твојот утрински ритуал, како ти започнува денот?

Мојот ден секогаш започнува со чаша чај со лимон тоа ми помага да се разбудам природно и лесно. По тоа следуваат кратки утрински вежби за да го активирам телото. Дури подоцна си дозволувам кафе, но секогаш без кофеин.

Advertisement

Прашање: Што се крие најчесто во твојот несесер кој го носиш со себе?

Секогаш имам хидратантен кармин или сјај, мини парфем, крема за раце, огледалце и мали марамчиња. Се трудам сè да биде практично, но и доволно за да можам да се освежам во движење.

Прашање: Како ја дефинираш убавината?

За мене убавината е состојба на духот. Тоа е кога некој зрачи со самодоверба, љубезност и автентичност. Надворешниот изглед е само бонус кога внатрешноста е во баланс.

Приватна архива

Прашање: Каква е Маја приватно, колку време посветуваш на женската нега и на некои свои ритуали?

Приватно сум приземна, емотивна и многу лојална личност. Женската нега ми е важна, но не опсесија имам неколку ритуали на кои сум верна: добра нега на кожа, здрава храна, сон и момент само за себе.

Прашање: Посетуваш ли козметички салони и какви третмани најчесто правиш?

Да, се трудам барем еднаш месечно да одам на хидратантен третман за лице. Повремено правам и масажи, особено кога чувствувам замор. Тоа ми е и физички и ментален ресет.

Прашање: Кој ти е омилен парфем?

Ми се допаѓаат елегантни, уникатни мириси. Моментално најмногу уживам во Attrape-Rêves од Louis Vuitton и Givenchy L’Interdit, кој инаку е инспириран од Одри Хепберн жена со беспрекорна елеганција и стил.

Приватна архива

Прашање: На што најмногу трошиш пари кога одиш во шопинг?

На квалитетна козметика и skincare. Мислам дека кожата е најдобар моден додаток. Обожавам и модни детали чанти, очила и добри чевли.

Прашање: Како ја одржуваш линијата?

Се хранам избалансирано, но не се лишувам. Пијам многу вода, се движам секој ден и ако не стигнам до теретана, шетање и скали се секогаш опција. Слушам што ми бара телото.

Прашање: Како би се опишала себе си?

Јас сум емпатична, креативна и упорна. Сакам искреност и длабочина во луѓето и во сè што правам.

Прашање: Што е она што те движи напред?

Мојата љубов кон животот, љубопитноста и желбата секој ден да бидам подобра верзија од себе. И, секако, луѓето што ги сакам.

Приватна архива

Прашање: Дали надворешната убавина е пресудна за оставање на прв впечаток?

Може да игра улога, но не е пресудна. Вистинскиот впечаток го остава енергијата начинот на којшто зборуваш, гледаш, се смееш. Тоа се памети.

Прашање: Што мислиш за естетските корекции. Имаш ли нешто направено?

Поддржувам сѐ што те прави да се чувствуваш подобро во своја кожа, сѐ додека е со мера. Јас лично сум отворена кон мали негувани корекции, но сè уште не сум направила ништо значајно.

Прашање: На која дама ѝ се восхитуваш и зошто?

Восхитувам на жени кои имаат интегритет како Одри Хепберн, која покрај убавината, била и исклучителна хуманитарка. Денес, ми се допаѓаат жени како Зендаја самоуверена, стилска, а притоа и скромна.

Прашање: Каква треба да е современата жена?

Самоуверена, образована, емпатична и независна. Современата жена не се плаши да сака, но и да поставува граници. Таа знае што сака и знае дека вреди

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button