Гламур интервју за нега и убавина со Цеце Николова…
Цеце Николова е млада убава дама која гордо и самоуврено се носи со сите предизвици во животот. Таа е секогаш средена на нашите мали екрани и со насмевска и топол збор им ги освојува срцата на гледачите и соговорниците скоро секое утро на Канал 5 ТВ. Со неа поразговаравме за нејзината дневна рутина за убавина, па како Цеце се грижи за себе и за својот изглед, дознајте во продолжение….
Приватна архива
Прашање: Цеце како изгледа твојата дневна рутина?
Мојата дневна рутина е многу едноставна – редовна хидратација на лицето и задолжително вадење на шминката пред спиење. А инаку, едвај чекам да не мора да се шминкам.
Прашање: Што се крие најчесто во твојот несесер за шминки?
Сè што има во сечиј женски несесер – пудра, сенка за веѓи, римел и многу моливчиња за уста и кармини.
Приватна архива
Прашање: Каква е Цеце приватно, колку време посветуваш на женската нега и на некои свои ритуали?
Па, сакам да имам нежна и негувана кожа. Се трудам тоа да го постигнам со редовна хидратација, вежбање, исхрана.
Приватна архива
Прашање: Посетуваш ли козметички салони и какви третмани најчесто правиш?
Од салони – редовна сум во Supreme – без средени нокти ништо не правиме. И, Figurella – каде го обликувам телото. Сè останато правам сама и засега сум задоволна.
Приватна архива
Прашање: Омилен парфем?
„Jean Paul Gaultier Divine“.
Прашање: На што најмногу трошиш пари кога одиш на шопинг?
Во принцип сум економична и сакам да купам повеќе парчиња, наместо да дадам многу пари за едно.
Приватна архива
Сакам да сум дотерана, да изгледам убаво, да мирисам убаво и најважно – да се чувствувам удобно во сè што е на мене.
Прашање: Како ја одржуваш линијата?
Конечно се вратив на вежбање. Веќе го споменав методот на Figurella, многу ми одговара и топло го препорачувам. И, секако, се трудам да јадам здрава храна.
Приватна архива
Прашање: Како би се опишала себеси? Што е она што те движи напред?
За себе би кажала дека сум најголемиот екстровертен интроверт. А, мотивација за напредок наоѓам буквално во сè.
Прашање: Дали надворешната убавина е пресудна за оставање на прв впечаток?
Надворешната убавина или изглед се нешто што е „важно“ во првите 30-тина секунди. Потоа веќе треба нешто и да кажеш…
Приватна архива
Прашање: Што мислиш за естетските корекции и дали во иднина би направила?
Искрено, немам ништо против кога тие се во граници на нормала. Под граници на нормала подразбирам неменување на личниот опис. Лично јас немам направено естетска корекција на себе, не велам дека никогаш не би направила – но можеби нешто што никој не би го забележал, а сметам дека е неопходно за да се чувствувам посамоуверено.
Приватна архива
Прашање: На која дама ѝ се восхитуваш и зошто?
Има многу такви дами. Тоа се жените со коишто сум опкружена. На пример, мајка Наташа – мојата најголема хероина. Жената што ме порасна и што чува деца без родители и родителска грижа повеќе од 20 години. Тука е и Јулијана Гапо, директорката на СОС Детско село, потоа Дијана Стојковска – уште една хероина на многу полиња, која успешно создава империја (My DealerMacedonia). Имам навистина многу инспиративни жени околу мене, кои се трудам да ги направам горди.
Прашање: Каква треба да е современата жена?
Независна, оригинална и силна.