Патувања

Надреална убавина, ефтино ноќевање, мелем за болки во ’рбет и стерилитет – за три часа сте до ова скриено рајско лекувалиште со 18 топли извори и гејзери

Сијаринска Бања е гејзерски рај на југот на Србија со надреална убавина и достапни цени.

Advertisement

На бреговите на реката Јабланица, левата притока на Јужна Морава, се наоѓа една од највпечатливите природни бањи на Балканот, Сијаринска Бања, вистински бисер на југот на Србија. Сместена е на падините на планината Голјак, на надморска височина од околу 520 метри, а опкружена со густи дабови и борови шуми кои го штитат овој крај од магли и ветрови, создавајќи свежа и здрава клима и секако чист воздух.

Од Скопје, патувањето трае приближно три и пол часа, преку Куманово, Прешево и Бујановац, со поминување по автопатот А1 (Е-75) и регионалниот пат кон Лебане.

Advertisement
принтскрин јутјуб

Сијаринска Бања е позната по своите 18 лековити минерални извори, кои се наоѓаат еден до друг во радиус помал од еден километар. Температурата на овие води се движи од 32 до 78 степени, што ги прави меѓу најтоплите во Србија. Секоја вода има различен физичко-хемиски состав, овозможувајќи различни видови терапии и примена во медицината.

принтскрин јутјуб

Најпознатите извори се: „Рај“ – содржи натриум, флуор, хидрокарбонат и литиум, „Главен извор“ – водата се користи во терапевтските базени, „Мал гејзер“ – на секои 12-17 минути исфрла вода со голема сила, до 210 литри, потоа „Спас“, „Снежник“, „Боровец“, „Јабланица“, „Здравље“ и други, секој со различни својства и намени.

принтскрин јутјуб

Посебна атракција се гејзирите, водениот столб на главниот гејзер достигнува висина од осум метри, а вториот гејзер има повремена активност на секои десетина минути.

Според научниците, овие гејзири се „последни знаци на некогашна вулканска активност“ во регионот.

Терапии и здравствен туризам

принтскрин јутјуб

Во Специјалната болница за рехабилитација „Гејзер“, која се наоѓа во самиот комплекс на бањата, се применуваат современи методи на лекување:

Хидротерапија – купки и базени со минерална вода

Електротерапија

Кинезитерапија – физикална терапија и вежби

Пелоидна терапија (со лековита кал)

Инхалации и третмани со пиење на минерална вода

принтскрин јутјуб

Водите и терапиите помагаат при: заболувања на ’рбетот и зглобовите (ишијас, лумбаго, спондилоза), различни видови ревматизам, гинеколошки проблеми, вклучително стерилитет, респираторни заболувања (бронхитис, астма, ларингитис), заболувања на бубрезите, жолчката и црниот дроб, пореметувања на дигестивниот систем, дијабетес, анемија, неврози и кожни болести.

Покрај медицинските третмани, бањата нуди и рекреативни активности: лов, риболов, терени за различни спортови, шах сала и затворен базен.

Инаку, апармани во непосредна близина на бањата се наоѓаат по пристојни цени, на пример, ноќевање за две лица изнесува од 1 500 до околу 2 илјади денари за соба.

Културно-историски богатства и природа

Во околината се наоѓаат остатоците од античкиот град Јустинијан Прима, познат и како Царичин Град, од рановизантискиот период. Шумите околу бањата се протегаат на површина од 50 квадратни километри, создавајќи идеална микроклима, штитејќи од ветрови и магла и овозможувајќи свеж и здрав воздух.

принтскрин јутјуб

Локална кујна и гастрономија

Во Сијаринска Бања, посетителите можат да уживаат во традиционална јужносрпска кујна: јагнешко под сач, печење на ражен, полнети пиперки, лесковачка муќкалица, пастрмка од Јабланица, домашен ајвар, сирење од Голјак и ракија од сливи, како и во прекрасни домашно месени пити со праз или со тиквички.

Оваа храна совршено се комбинира со лековитите третмани и чистата планинска клима, создавајќи целосно искуство за телото и душата.

Оваа бања е идеална не само за лекување и рехабилитација, туку и за превенција, релаксација и одмор од секојдневието. Со својата природна убавина, културно-историски споменици, спортски содржини и локална гастрономија, Сијаринска Бања е вистинска дестинација за сите што бараат здравје, мир и енергија, а им е близу до дома.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button