Најдобрите женски парфеми за секоја пригода
Сите знаеме дека жените се сметаат за симбол за убавина…
Па како тогаш да направиме мерка според која ќе ја мериме истата? Еден од начините е да се направи пресметка базирана на она што го облекуваме или како истото тоа го носиме на себе. Самиот глагол ’носиме‘ е фраза во која се вклучени сите работи – од облеката до аксесоарите, како што е парфемот. А парфемот има станато еден од есенцијалните делови од нашата мода и животен стил воопшто.
Момците сакаат да нанесуваат парфем кој што е ’кул‘ и во истовреме уникатен, кој ќе ги разликува од останатите. Девојките пак од друга страна одбираат парфеми кои перфектно се вклопуваат со нивната личност и го отсликуваат нивното расположение, a жената има многу улоги кои треба да ги одигра во текот на денот. Па затоа ние направивме листа на најдобрите парфеми за жени кои се популарни насекаде низ светот и најважно, кои можат да се носат во секоја пригода. Еве ја нашава листа:
Tommy Girl from Tommy Hilfiger
Овој е еден од најпопуларните брендови помеѓу младите и тинејџерите низ целиот свет и претпоставувам дека не е потребна некоја посебна интродукција за Tommy Girl парфемот. Станува збор за свеж и предизвикувачки мирис кој е прикладен скоро за секоја пригода.
Obsession from CK
Ова е еден од најпопуларните парфеми на Calvin Klein на сите времиња! Иако Оbsession не е направен од микс на различни мириси, неговиот едноставен и силен ’импакт‘ е во состојба да ја направи формалната вечера или средба во нешто за паметење.
Pure Poison from Dior
Во светот на парфемите, Pure Poison е нашироко познат како Ноќен парфем. Неговата неодолива аура секогаш ќе го привлече вниманието на присутните кон оној кој што го носи. Затоа никогаш не заборавајте да го нанесете овој предизвикувачки мирис за вашите ноќни доживувања.
Chanel no 5
Channel 5 е вистинската класика во овој оддел од модните аксесоари. Најпрво е претставен на јавноста во далечната 1921 г. Од тогаш па наваму ја има проширено својата база на корисници насекаде низ светот. Овој парфем може да го нанесете на себе дури и во жешките и спарни денови и повторно ќе оставите неодолив шарм зад себе. Брендов во себе ги има сите квалитети поради кои има останато еден од најпосакуваните и најомилени на секоја жена со префинет стил. Не случајно и холивудската икона Мерилин Монро постојано го носеше со себе како заштитен знак.
Gucci By Gucci
Иако Gucci имаат широк спектар на парфеми, главниот фактор за нивната популарност е широката база на клиенти. Некои од парфемите претставени во последните неколку години се здобија со статусот на најпосакувани за жени на сите времиња! Па затоа и вие приклучете се во ова групација и уживајте во прекрасната аура и квалитет на Gucci.
Attraction
Како што вели и самото име, овој парфем навистина е атракција за сите наоколу. Најдобар е да се носи на настани како што се романтични средби или интимни забави. Неговиот дистинктивен мирис ќе ве направи уникатна каде и да се наоѓате.
Lovely from Sarah Jessica Parker
Доколку сакате да пронајдете најдобар парфем за ’пристојна‘ цена, ова е брендот кој мора да го проверите. Има седативно и истовремено освежувачко дејство. Некои од состојките кои ги содржи се орхидеја, лаванда и бергамот. Кога ќе го нанесете овој парфем, нема да бидете во состојба да му одолеете на предавањето на самите себе и чувството на божественост. Токму затоа Lovely е еден од најпосакуваните женски парфеми веќе неколку години наназад.