Реклама
MAMAБебиња

Начини на кои вашето бебе ви вели „Мамо, те сакам“

Реклама

Излишно е да се коментира колку мајките ги сакаат своите деца и колку се посветени на нив. Тие својата љубов ја искажуваат на илјада начини. А малите, иако се’ уште ја немаат способноста да ги изговорат магичните зборови „те сакам“, мајките добро ја чувствуваат возвратената љубов, а еве преку кои гестови бебињата ја покажуваат својата љубов.

ФОТО: Freepik

Штом мајката ќе го подигне бебето, тоа прекинува да плаче

Дури и во мрак и пред мајките да почнат да го хранат своето бебе, тоа се смирува и престанува да плаче.

Бебето сака да го слуша мајчиниот глас и пеење

Можеби возрасните не уживаат кога вие пеете, но вашето бебе сигурно го сака тоа.

Маркетинг

Секогаш се смее на вашите шеги и игри

Игрите со вашето бебе се неограничени и сигурно иновативни. Без разлика дали вашето бебе во играта е авионче, или само го скокоткате по стомакот, бебето со своето гласно смеење ви дава одобрување и ви покажува колку ужива во заедничките активности.

Ве бара во просторијата

Уште пред да знае да каже што сака вашето бебе, може да забележи дека сте излегле од собата или дека сте се поместиле.

Маркетинг

Бебешкото лице едноставно „процветува“ кога ве здогледува

Независно дали сте му биле блиску или во другиот ќош од просторијата, штом воспоставите комуникација со погледот или му се приближите, вашето бебе се насмевнува, а мајчината љубов ги надминува границите.

Поврзано

Back to top button