На вдовицата на Саша не ѝ требаат 280 станови, ни бесни автомобили, се свртела кон Бога – еве што сѐ распродала
Имала многу скромно детство, стекна огромно богатство со Саша, но вели дека не ѝ требаат луксузи.

По смртта на Саша Поповиќ, креативниот директор и основач на „Гранд продукција“, неговата сопруга Сузана Јовановиќ наследи импресивен имот.
Како што известуваат српските медиуми, пејачката, денес вдовица на Саша, наследила вила на Бежаниска коса, 280 станови, 48 локали, повеќе луксузни автомобили и станови во Опатија. Но, дел од тоа богатство веќе не е во нејзина сопственост. Имено, го продала.
Advertisement
„Уште за време додека Сале беше жив решивме да ги продадеме становите во Опатија. Децата не сакаа да одат таму, а ни јас не се пронајдов таму. Му беше убаво нему, затоа одев со него, но сфативме дека нам тоа не ни е потребно. Подобро е да патуваме и да доживуваме нови моменти“, открива Сузана.

И дел од возниот парк веќе го распродала, со што јасно кажува дека луксузот не ѝ е приоритет. Па дури и дека не ѝ е потребен.
Иако денес живее во комфор и дебела финансиска сигурност, пејачката никогаш не заборава од каде потекнува.

Сузана е родена во село Раља кај Смедерево, пораснала во работничко семејство.
„Не сум имала некое убаво и бајковито детство. Татко ми работеше во железара, а мајка ми беше домаќинка, и тешко се живееше од една плата“, вели таа.
Уште на 14 години почнала да работи сезонски работи – берала јаболка, праски и кајсии по цели денови, за да им помогне на родителите.
Една иста облека носела со години, додека не се искине, а нов пар патики за физичко бил вистински луксуз. Тоа, како што вели, ја научило да биде практична жена, да го цени она што денес го има и никогаш да не се расфрлам. Живее според филозофијата „што повеќе даваш, Бог повеќе ти враќа“.

„Денес возам „смарт“, па така мене ни „ферари“ ни „ламборџини“ не ми се потребни за да се докажувам или за да бидам забележана. Живеам за други нешта кои немаат цена“, открива Сузана за српски Скандал и додава дека е сосема насочена кон духовниот живот и кон Бог, и дека ништо не може да ѝ ја надокнади загубата на саканиот Саша.