Драги мажи, денес ќе ви откриеме какви се жените Ваги.
Ако и вие сте Вага, тогаш имаме една мала тајна за вас – од искуството знаеме дека сите едноставно полудуваат кога ќе сретнат некој што е Вага во хороскоп!
Вашиот шарм и вашата заразна насмевка се неодолива мамка и оние поединци што не се претпазливи би можеле многу лесно да се фатат во вашата мрежа, и притоа воопшто и да не знаат што им се случило.
Дали знаете дека во Вага е родена Гвинет Палтроу, но исто така и Моника Белучи? Едната нежна и тивка, онака како што кога бевме деца ги замислувавме самовилите, а другата страсна како да е составена само од оган и мраз. Сепак, и покрај сите разлики, на прв поглед може да се види дека тие се подеднакво грациозни. Да, драги мажи – такви се жените Ваги!
Какви се како пријателки
Со еден поглед знаете како да го омекнете секој соговорник. Никогаш нема на агресија да одговорите со уште посилен напад, туку со вашата шармантна енергија ќе ги смирите соговорниците и разговорот ќе го вратите назад во помирните води. И вие имате граница над кои не дозволувате да ве турнат, затоа ќе избегнувате примитивни и бучни луѓе. Тие НЕ се вашето друштво и лошо ќе се чувствувате со нив.
Вагите и љубовта
Жените родени во хороскопски знак Ваги исто така НЕ се срамат да признаат дека понекогаш погрешиле, и по оваа своја карактеристика навистина се малцинство. Што се донесува до љубовта, Вагата добро се чувствува во долги, значајни врски, многу подобро отколку во кратки авантури кои не водат никаде. Сепак, дури и во најсилните врски, тие ќе бараат малку простор за себе. Но поради силното чувство на правда, Вагата ќе му ја даде истата слобода и на својот партнер. Од него ќе бара многу работи, но за возврат ќе му биде најголема поддршка што може да ја замисли.
Еднаш кога ќе има деца, Вагата ќе биде одлична сопруа и грижлива мајка. Ако, пак, се појават проблеми, таа ќе ја покаже својата силна страна, затоа што кога ќе стане тесно Вагата секогаш знае од некаде да извлече сила на која ни самата не е свесна и со неа да ја преброди кризата.