Наши ѕвездиСтил

На телевизија ја гледавме тип-топ средена, но во вакво издание НЕ сме ја виделе досега (фото)

Марина никогаш не изгледала поубаво, и нејзиниот партнер блескаше покрај неа

Advertisement

Водителката Марина Дојчиновска (59) секогаш беше тип-топ средена додека ја гледавме на малите екрани.

Посебно кога ќе се појавеше пред камерите, Марина пленеше со својот шарм, но и во нејзините природни изданија повеќе од евидентно е дека е убава жена која внимава на својот изглед.

Advertisement

Таа веќе долго време не е на телевизија, а водителството го замени со својот приватен бизнис со Хунза маслото.

Фејсбук/ Марина Дојчиновска

И како што самата истакнала многу пати досега, токму во овие капки се крие тајната на нејзиниот младешки изглед со кој оваа жена зрачи и во шестата деценија, на кој и многу помлади можат да и завидуваат.

Advertisement

Впрочем тоа може да се забележи и од едно од нејзините последни изданија што марина гои сподели на социјалните мрежи.

Фејсбук/ Марина Дојчиновска

Станува збор за свадба на која Марина се појави заедно со својот партнер маестро Горан Алачки, па и двајцата заблескаа во полн сјај.

Марина за оваа пригода избра тесна креација во впечатлива розова нијанса која ја следеше линијата на нејзиното тело, па во комбинација со останатите детали изгледше како холивудска дива.

Фејсбук/ Марина Дојчиновска

Бројни комплименти

Марина доби голем број комплименти од своите пријатели, но и од оние што ја следат, а меѓу кои има и многу жени.

Креацијата може да ги истакне во преден план и сите недостатоци, но Марина очигледно нема проблем со тоа, така што и денес изгледа беспрекорно, во што можевме да се увериме и неодамна, кога сподели и фотографија на која беше во костим за капење.

Фејсбук/ Марина Дојчиновска

Имено, Марина често споделува фотографии од своите патувања, а неодамна ги изненади сите и со фотографија од плажа.

Таа тогаш позираше во преубав костим за капење и сите ги изненади, а како изгледаше, потсетете се тука.

Фејсбук/ Марина Дојчиновска

Инаку, Марина беше авторка и уредничка на многу емисии, а нејзината емисија Македониум и денес привлекува внимание.

Таа пред нешто повеќе од десетина години реши да преземе нови чекори во потполно нова сфера и ја отвори својата компанија „Хунза веда“, така што комплетно му е посветена на бизнисот.

„Како одминува времето, телевизијата ми недостига се повеќе.. и не може да е поинаку. Таа магија останува да биде дел од вашата личност и печат на вашата аура. Најмногу ми недостига во моменти кога ми приоѓаат луѓе кои ги следеле моите емисии – ме поздравуваат, ми изразуваат искрени емоции и респект, ми кажуваат дека не пропуштале ни едно издание од програма која знаела да ја воздигне македонската енергија и да ја наполни душата-по македонски!“, изјави во една пригода Марина за Гламур магазин во врска со нејзината некогашна професија како водителка.

Целото интервју со Марина прочитајте го тука...

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button