На Света Петка ова не и е мило – многу стари и заборавени верувања поврзани со големата светителка
Во народот и денес постои верување кое останало од дамнина поврзано со празникот на Света Петка

Најпочитувана светителка
Македонските верници од целиот свет и Македонската православна црква – Охридска архиепископија денес го слават празникот посветен на Света Петка, заштитничката на жените, бните сиромашните.
Во црковниот календар нејзиниот главен ден е 27 октомври, додека на 8 август се одбележува пренесувањето на нејзините мошти.
Света Петка – првата молитва на жената
Во нашиот народ, Света Петка е првата адреса кон која жените се обраќаат со молитва. Нејзиното име, Параскева, значи петок – ден на пост и духовна подготовка.
Не е ни чудо што токму оваа голема светителка се смета за заштитничка на жените, но и на болните, сиромашните, како и на оние што ја носат куќата и семејството на свои плеќи.
Најпочитувана светителка
Големината на Света Петка е и во тоа што таа не е само една од најпочитуваните светителки меѓу православните, туку и меѓу верниците од други вери. Најпозната е како заштитничка на жените и болните, но и на сите оние кои ќе се најдат во неволја.
Нејзината сила и побожност и денес ги инспирираат луѓето, а верниците сведочат за многубројни чуда што ѝ се припишуваат.
Се верува дека имала дар за исцелување и пророкување, поради што стекнала голем углед меѓу христијанскиот народ.
Нејзината духовна енергија и денес ги поттикнува верниците на молитва, вера и внатрешно просветлување.
На Света Петка не се работи
Во народот и денес постои верување кое останало од дамнина дека на денот на Света Петка жените не треба да месат, да готват, да перат, да шијат или да извршуваат други домашни работи — за да не го навлечат гневот на светителката.
Оние што имаат здравствени маки се препорачува да се умијат со осветена вода или со вода од изворот на Света Петка, додека тивко во себе изговараат молитва за здравје и спокој.
Што не ѝ е мило на Света Петка
Според народната вера, Света Петка не гледа благонаклоно на заборавената молитва и непочитување на верата.
Велат, ако денот помине без барем една искрена молитва, човекот ја пропушта можноста за нејзиниот благослов и заштита.
Затоа, на нејзиниот ден, најдобро е да се замолчи пред сè што е земно, а да прозбори душата – во мир, во благодарност и во љубов.
Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева.
Петочни води
Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.
На празникот на оваа голема светителка, именден празнуваат оние што се викаат Петко, Петкана, Параскева, Пенка…



