Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Ќе се согласите ли дека на Стрелците на прво место им се љубовните авантури?

Реклама

За Стрелците кружат разни гласини, а ова е суштината која мора да ја знаете.

ФОТО: zoosk.com

Овој е огнен знак кој симболизира далечина, патување, космополитски дух и високи морални начела. Неговите припадници се енергични, отворени и не остануваат покрај партнерот кој повеќе не ги сака. Тие се светски патници, љубовници, патописци, спортисти и дипломати.

Тие имаат двојна природа: Ги привлечува се’ што им годи на телото и духот, може да бидат и аскети и најголеми хедонисти. Имаат голем апетит, сакаат многу да научат и да испробуваат. Без многу размислување се впуштаат во љубовни авантури, опасни спортски потфати или ризични работи. Во душата се хазардери: Може се’ да стават на коцка за само една секунда!

Маркетинг

Во комуникацијата се многу отворени, а понекогаш и премногу директни, Си кажуваат што прво ќе им падне на памет, прашуваат се’ што ги интересира, а некогаш наивно зборуваат и за своите планови. Во основа се искрени и чесни, па мислат дека и другите се такви. Великодушни се, некогаш сакаат луксуз, прослави, свечености и друштвени собири.

Сакаат да бидат таму каде што се случува нешто, први ќе се јават како доброволци кога треба нешто да се испроба или да им се помогне на другите. Ги привлекува она што е поразлично, други земји, обичаи, култура, јазици, а особено егзотични места. Уживаат во патувањата, не сакаат досадни работи, ги иритираат озборувања, а најмногу мразат ограничување на слободата.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button