Реклама
Вирално

На Стојанче Ангелов и Бред Пит може вода да му носи – МУСКУЛИ КАКО ХЕРКУЛ, ужива со сопругата

Генералот скокна до нашиот јужен сосед малку да се одмори

Реклама

Назад за миг, ако почне да гори!

Поранешниот генерал мајор на специјалните единици и сегашен директор на ЦУК, Стојанче Ангелов, објави фотографија со која предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.

Ангелов објави фотографија од која јасно се гледа дека ја одржува својата физичка форма и дека не дозволува да го прегазат годините.

Маркетинг

Тој во коментарот под фотографијата откри дека отишол под Олимп, малку да одмори, и тоа најмногу благодарение на дождовите.

Маркетинг

„Благодарение на синоќешниот дожд, со семејството тркнав до море, на ден или два, малку јужно од горе, назад сум за миг, ако почне да гори.“, напиша поранешниот генерал во објавата.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Ваквото негово издание никого не остави рамнодушен, па следуваа бројни коментари, но и комплименти на сметка на неговиот изглед од неговите пријатели и следбеници на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

„Генерале, машала, ко секое сабајле да вежбаш изгледаш“, „Спремен како и секогаш“, „Браво, прав војник, во секое време подготвен“, беа само некои од коментарите што Стојанче ги доби под фотографијата која што ја направи неговата понежна половина, Јасминка.

Покрај ваквите коментари имаше и такви кои се пошегуваа на негова сметка, па така еден пријател му порача дека ни шпорето не го вклучува додека не се врати, бидејќи ѓаволот ни ора ни копа, на што Стојанче веднаш ја прифати шегата и му врати: „Вклучи, но најмногу на двојка“.

Инаку, Стојанче е директор на Центарот за управување со кризи и успешно се справува со предизвиците поврзани со работата.

Постојано е на терен и со своите колеги, а пред неколку години, кога беснееја пожарите во Малешевијата, неговата сопруга Јасминка Ангелова, преку социјалните мрежи откри дека тој со денови ниту јадел ниту пиел вода додека се справувал со пожарите во овој регион.

Фото: ЦУК

Како што таа тогаш изјави, нејзиниот сопруг немал време за храна и вода, и покрај тоа што имал проблеми со здравјето.

Инаку, ваквиот статус Јасминка го напиша на Фејсбук по критиките упатени на адреса на претседателот на „Достоинство“ додека траеја и се гаснеа пожарите што тогаш го зафатија нашиот регион.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Еве што таа тогаш напиша:

,, Мојот сопруг излезе вчера рано наутро во истиве алишта што и сега ги носи, му дадов в раце само една маица со кратки ракави. Ниту се нови овие изветвени панталони и кошула (што планинарење поминал со нив да знаат да кажат), а најмалку се чисти по поминат теренски ден и ноќ на отворено. Инаку со дни ниту спие ниту јаде, вдишува чад и мене тоа ме загрижува затоа што е тежок, 80% воен инвалид, исечен му е белиот дроб, ако сфаќате што значи тоа. Со тастатурно војување не се помага. И запамтете: Овој човек има душа и простува на сите што го напаѓате, џабе арчите букви на тастатурата“, напиша Jaсминка тогаш на Фејсбук.

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button