Интервју

На сцената од секогаш сум се чувствувала како „риба во вода” – женски муабети со Цветанка Ласкова

Нејзината куќа ја донесе во земјава најпознатата латиноамериканска сапуница „Касандра“ која за краток период стана најпопуларната теленовела во светот.

Реклама
Реклама

Пејачката Цветанка Ласкова и нејзиниот починат сопруг Мишо, познат музичар, композитор и продуцент, ги врзуваше и успешната продуцентска куќа „Кан“ која беше специјализирана за откуп на разни серии и документарни филмови, снимање на спотови. Нивната куќа ја донесе во земјава најпознатата латиноамериканска сапуница „Касандра“ која за краток период стана најпопуларната теленовела во светот. Од оваа успешна приказна, но и од многу други, Цветанка дури двапати го добива и признанието „Најуспешна жена менаџер на годината“, а што прави денес и што вели таа самата за своите почетоци во музиката, но и кои се нејзините ритуали кога е убавината и изгледот во прашање, прочитајте од интервјуто во продолжение…

Добивте  награда за животно дело на “Роса фест 2023”, што значи за Вас оваа награда и дали се изненадивте со оглед на тоа што веќе подолг период не сте активни во музиката?

Музиката е моја прва и најголема љубов. Секојдневно сум со неа. Минатата година требаше да се случи голем концерт, 50 год. од музичка кариера, но заради некои околности, беше одложен…

Мојот репертоар е разновиден и седумте ЛП, видео касети, театарската претстава Коштана, тв шоу програмите.. сведочат за тоа. Во областа на забавната музика имам добиено награда за животно дело на Еврофест 2003 год. и сега, оваа награда од Роса фест за животно дело, во областа на народната музика, пријатно ме изненади.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Благодарна сум на екипата на Роса фест што ги препознава вредностите и не не заборава нас повоздрасните.

Маркетинг

51 година професионална кариера како естраден уметник, бизнисменка  а бевте и вклучени во политикатa. Како успеавте на сите овие полиња и од каде енергијата?

Се’ се случуваше спонтано, без некој план.

Љубовта кон музиката ме однесе во естрадните води. По растурањето на Југославија, по вракањето од Белград, со мојот покоен сопруг Миша, ја оформивме продукцијата Кан, т.е. влегов во водите на бизнисот.
Во еден тежок момент од мојот живот, по осум годишна борба со болеста, кога Миша си замина, ми требаше нов предизвик. Во борбата за женските права се вклучив активно, и по толку години резултатите се очигледни. Тоа беше мојата мисија. Јас никогаш не се сметав себе си за политичар, во спротивно ке бев на некое друго место.

Фејсбук/ Цветанка Ласкова

Што од сето ова најмногу се исполнуваше и каде најмногу се пронаоѓате?

На сцената од секогаш сум се чувствувала како “риба во вода” а големо задоволство ми причинува хуманитарната работа за која го добив признанието Мајка Тереза 2008 год.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Славна епизода од вашата музичка кариера беше и хитот од 1976 година „Момчето со мандолината“ што го испеавте со Јанко Узунов на фестивалот во Опатија. Дали ви недостига музиката?

Во тоа време победникот на Опатискиот фестивал ја претставуваше земјата на Евровизија. Малку фалеше  тоа да бидеме ние со деценискиот хит од Славе Димитров ” Момчето со мандолина”. Победник беше групата Амбасадори со кои што потоа заминав на тримесечна турнеа по Советскиот Сојуз.

Што слушате во слободно време?

Новата технологија ни овозможува многу погодности така што најчесто ги гледам врвните уметници на своите концерти, а кога готвам ручек, слушам добра музика од сите жанрови и си потпевнувам.

Фејсбук/ Цветанка Ласкова

Вас  и вашиот починат сопруг Мишо, познат музичар, композитор и продуцент, ве врзуваше успешна продуцентска куќа „Кан“ која беше специјализирана за откуп на разни серии и документарни филмови, снимање на спотови. Вашата куќа ја донесе во земјава најпознатата латиноамериканска сапуница „Касандра“ која за краток период стана најпопуларната теленовела во светот. Вие дури двапати го добивте и признанието „Најуспешна жена менаџер на годината“. Работи ли во вас уште претприемеачкиот дух?

Тогаш се докажав и како успешен организатор на големи инвенти, бидејки по 86% гледаност во земјата, ги донесов главните актери и им организирав два концерти, во Скопје и Охрид.

Претприемачкиот дух или го имаш или го немаш. Возбудливо е и креативноста доаѓа до израз.

Фејсбук/ Цветанка Ласкова

Дали  и колку жените го добиваат местото во политиката што го заслужуваат?

Што значи ” заслужуваат”? Секоја жена треба да е свесна за нејзината улога во семејството, во општеството, во креирањето на успешните политики за подобар живот на идните генерации…

Јас ја основав Школата за женски активизам, за жени што сакаат да се вклучат во политиката. Горда сум што таа  по девет години и понатаму опстојува, и од неа произлегоа врвни едуцирани, самосвесни политичарки во законодавната и извршната власт. Женските права се дел од човековите права и родовата еднаквост е неизбежна. Затоа единствената “заслуга ” на жените во политиката треба да биде  едукацијата, свесноста, упорноста и работливоста. Жените се архитекти на општествата.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Мајка сте, свекрва и баба, а и блиските сте со вашите две сестри. Имате ли време за семејството?

Секогаш! Со син ми Горан Кан ја преслушуваме музиката што ја компонира, со внук ми Виктор учиме, играме, со татко ми шетаме, разговараме, со сестрите одиме на разни инвенти и организираме дружења за семејствата… Не ги заборавам другарките, кои ми се важна поткрепа во животот.

Една сте од ретките дами во јавниот живот која остана доследна на еден префинет изглед, облекување и однесување. Кои се вашите женски ритуали?

Благодарам за комплиментите. Јас сум само една обична, нормална ЖЕНА.

Виолета П. Периќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button