Нега и здравјеПатувања

На само два часа од Скопје има „тајно“ лекувалиште од 8-ми век за ‘рбетот, нервите и коските – чудо на природата, а без пари!

Само на 15 километри од Ниш, односно на околу 240 километри од Скопје, се наоѓа бесплатна и малку позната бања која лекува болки во 'рбет, коски, реума и уште многу повеќе. Се вели дека датира дури од 8 век.

Advertisement

На само неколку километри од градот Ниш, во селото Миљковац, се наоѓа една малку позната, но сè почесто посетувана природна лековита оаза – Бања Видриште. Оддалечена е околу 240 километри од Скопје, а токму нејзината скромност и природност ја прават посебна дестинација за оние кои бараат опоравување, мир и здравје надвор од комерцијалните бањски центри.

принтскрин јутјуб

Бањата се наоѓа на остатоци од стара воденица, што ѝ дава ретро и автентичен шарм. Она што ја прави уникатна е водата со температура од над 30 степени Целзиусови, која постојано извира од неколку природни извори.

Advertisement

Мештаните и посетителите тврдат дека токму оваа вода има моќ да лечи различни физички проблеми.

Лековита моќ откриена од воденичар

Според преданието, лековитоста на водата прв ја забележал еден воденичар кој, откако повеќе пати се капел во водата, повторно проодел по долг период на ограничена подвижност.

Оттогаш, за Бања Видриште се зборува тивко, но со длабока почит. Луѓето велат дека водата е особено ефикасна за проблеми со коските, болки во зглобовите, артритис и разни форми на реума, а некои дури веруваат дека има и поволно дејство врз кожни болести и циркулацијата. Трети тврдат дека токму тука си ги смириле нервите и се излекувале од психички проблеми.

Advertisement
принтскрин јутјуб

Импровизиран рај во природа

Иако Бања Видриште не е уредена како класичен туристички центар, токму тоа ѝ го дава нејзиниот шарм. Мештаните самостојно уредиле дел од бањата со импровизирана покривка над базенот и место за пресоблекување. Благодарение на овие иницијативи, денес постои можност за капење во секое годишно време – и лето и зима. А водата е планинска и кристално чиста!

принтскрин јутјуб

Токму таа автентична, непреработена убавина ја привлекува сè поголем број посетители кои бараат искуство во контакт со природата, далеку од бетон и гужви.

Иако нема официјален хотел или бањски комплекс, сместување може лесно да се најде во Ниш, дури и по цена за илјада до две илјади денари.

принтскрин јутјуб

Сè повеќе сведоштва за „чудата“ на Видриште

На социјалните мрежи се појавуваат видеа и сведоштва од луѓе кои го посетиле ова место и раскажуваат за своето позитивно искуство. Една посетителка пишува: „Откако се преселив во Ниш, секојдневно се воодушевувам од околината. Не знаев дека постои вакво нешто толку блиску. Природата е волшебна, а водата – вистинско богатство!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandra Didic | Travel bloger (@didic.aleksandra)

Потенцијал што сè уште се открива

Иако неуредена и без официјална промоција, Бања Видриште има потенцијал да стане еден од најбараните алтернативни здравствени и туристички пунктови во јужниот дел на Србија. Сè што ѝ недостасува е малку повеќе внимание од општината и вложување во инфраструктура.

За сега, таа останува скриено место кое се пренесува од уста на уста – бања за која малкумина слушнале, но која никогаш не се заборава откако ќе ја посетите. За македонските посетители, патувањето до оваа природна лековита дестинација може да биде идеална можност за викенд-патување или краток одмор кој ќе понуди здравје, мир и контакт со нешто што сè почесто исчезнува – природниот извор на исцелување.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button