Овие личности делуваат пасивно, многу се внимателни и таинствени. Оние кои ги познаваат ги сакаат поради нивната велокодушност и грижливост, а ним љубовта им е се’…
Раковите кријат сложена емотивна структура и длабоки чувства. Нив ги допира се’ што се случува во околината, а веднаш штом ќе видат некој непознат, се повлекуваат во себе. Не се познати како агресивни луѓе, религиозни се, духовити и секогаш се спремни да се борат за оние кои ги сакаат.
Доколку сте во врска со личност родена во овој хороскопски знак, треба да знаете дека на неа секогаш ќе ѝ бидете на прво место. Тие се одлучни и не го трошат залудно своето време. Не се фалат, а и не сакаат големи јавни собири каде што ќе се чувствуваат непријатно. Ним љубовта им е најважна и сите други работи ги ставаат на второ место.