Реклама
Наши ѕвезди

На радоста и нема крај – убавата сопруга на проф. д-р Вело Марковски сподели среќна вест и сите ги изненади

Беше поприлично весело во куќата на познатиот пар

Реклама

Поранешната манекенка сподели радосна вест веднаш по Нова година

Евгенија Марковска која своевремено беше манекенка и во својата кариера се има појавено и во неколку спотови на наши познати музичари, овие денови сподели преубава вест.

Имено, Евгенија која е во брак со проф. др. Вело Марковски имаше убава причина за славење со својот сопруг.

Маркетинг

Поранешната манекенка среќната вест ја сподели на својот профил на Инстаграм, а секако најсреќна беше нивната ќеркичка.

Маркетинг
Инстаграм/ Евгенија Марковска

Малата Катарина наполни четири години, па Евгенија сподели фотографија од славеничката, но и од целото семејство.

Инстаграм/ Евгенија Марковска

Од објавата можевме да ја видиме тортата, но и гордиот татко кој исто така блескаше од среќа покрај своите најмили .

Инстаграм/ Евгенија Марковска

Потсетуваме, Евгенија и Вело и покрај големата разлика во годините уживаат во складен и среќен брак, што може да се забележи и од нивните заеднички фотографии што ги објавуваат на социјалните мрежи.

Од овие причини, пред извесен период со професорот др. Вело Марковски поразговаравме токму на оваа тема, но и за тоа каков е тој како родител на нивните две деца, нешто што досега многу пати сме го зборувале и со неговата понежна страна, Евгенија.

Инстаграм/ Евгенија Марковска

„Зависта кај луѓето ми е добро позната и не се оптеретувам. Мислам дека на некои повеќе им „смета“ не толку што Евгенија е помлада од мене, туку тоа што е и млада и убава и паметна“, изјави тогаш професорот др. Маркковски, па го додаде и следново:

Инстаграм/ Евгенија Марковска

„Ние функционираме скоро иделано веќе 11-12 години. Дај боже да функционираат брачните парови така што се со иста возраст, изјави тогаш Вело.

„Можеби и можам да сфатам да се „осудува“ љубовна врска помеѓу постар маж и помлада девојка (не сум видел некој да осудува кога постара жена во врска со помлад маж – хаха-) но кога таа врска ќе заврши со брак, озборувањата треба да завршат, особено кога ќе се родат деца и се создаде среќно семејство. Нели целта на бракот е раѓање деца и создавање семејство? Може само да се анализира дали таков брак функционира или има проблеми. Во време кога тешко се решаваат луѓето на брак не се потребни додатни услови и „совпаѓања“ по возраст, професија, вера, средина…“, заклучи Вело.

Целото интервју со професорот прочитајте го тука...

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button