Реклама
Новости

На Поповиќ пред смртта само една желба му остана неисполнета – тешката болест беше посилна

Неговите деца имаат милиони, а тој сакаше само едно...

Реклама

Тажен ден за балканската естрада

Многу познати музичари и луѓе од шоубизнисот беа во шок кога се појави веста дека починал Саша Поповиќ, главниот човек во „Гранд“.

Креативниот директор и еден од основачите на „Гранд продукција“ почина во Париз, по кратко, но тешко боледување.

Маркетинг

Оваа вест предизвика шок и неверување кај најблиските, но и кај бројни негови колеги и сите оние што го почитуваа.

Маркетинг
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Но секако најтешко им е на најблиските, на неговата сопруга Сузана, на ќерката Александра, како и на синот Даниел.

Инстаграм/ Сузана Поповиќ

Имаат милиони, а живеат скромно

Поповиќ цел живот кон Даниел се однесуваше како вистински татко иако е дете од првиот брак на неговата сопруга.

Инстаграм/ Александра Поповиќ

Но Поповиќ никогаш не правел разлика помеѓу ќерката и синот, и двајцата ги чуваше како свои деца, секогаш полн со љубов кон нив.

И за разлика од многу деца на познатите, наследниците на Поповиќ никогаш не сакале да се експонираат во медиумите, а нивните родители успеаја да ги одгледаат далеку од светлана на рефлекторите.

Инстаграм/ Александра Поповиќ

Тие и двајцата избра скромен и тивок живот, далеку од естрадата, никогаш не барајќи дополнително внимание.

Инстаграм/ Александра Поповиќ

Па така наследничката на Поповиќ и на социјалните мрежи ретко се огласува, но затоа вредно работи и го гради својот живот.

И наместо сјајот на гламурот таа избра едноставен живот, исто како и нејзиниот брат, и двајцата растејќи во дом полн со љубов.

Инстаграм/ Сузана Поповиќ

Нивната приказна отсекогаш била пример за вистинска семејна среќа, а нивниот татко се погрижи за нивната сигурна иднина.

Инстаграм/ Александра Поповиќ

Имено, тој додека беше жив ги обезбеди со имот, а на својата ќерка и отвори салон за убавина во кој ќе работи и снаата.

Не дочека внуци

И како што велат оние што го познаваа, Поповиќ беше крајно успешен човек, но му остана само една неисполнета желба.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тој не дочека да ја омажи својата наследничка Александра, но и да дочека внуци, единствената желба што не му се оствари.

Имено, Поповиќ во едно од неговите последни интервјуа за „Гранд“ зборуваше дека заедно со сопругата одвај чекаат да се остварат во улога на баба и дедо, посакувајќи внука или внуче, па да му се радуваат.

„Чекаме да видиме што ќе се случи. Ние чекаме, ама нема ништо се уште… Но ќе биде и тоа“, изјави тогаш Поповиќ.

Потсетуваме, Саша Поповиќ почина во Париз во една од најпознатите болници, опкружен со своите најблиски.

Неговиот погреб ќе биде на 6 март во Белград…

Тажни зборови на македонските Гранд ѕвезди со кои се збогуваат од Поповиќ – пораки од кои боли душа!

Ова се последните фотографии од Саша Поповиќ кој се лекуваше во една од најскапите клиники во Европа

Еве од која болест почина Саша Поповиќ и како изгледаа неговите последни денови пред да ја изгуби битката

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button