На пејачот од Македонија му се роди ќерка – цела вечер лумпуваше, еве што објави и неговата сакана
Пејачот со пријателите славеше до рани зори
Вест што ги израдува неговите фанови
Младиот македонски пејач Адам Лабунски кој се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ и „Пинк ѕвезди“ ги израдува своите фанови.
Тој се оствари во улога на татко, а среќната вест веднаш ја сподели на својот профил на социјалните мрежи.
Со бројните честитки што ги доби пејачот го откри и името на бебето, а Јелена, неговата избраничка, сподели и снимка од прославата.
Инстаграм/ Адам Лабунски
На оваа снимка може да се види како пријателите на Адам му ја кинат маицата како што налага традицијата во Србија, каде што тој живее со својата сакана. Гордиот татко цела вечер пееше и се веселеше, а неговите пријатели му скинаа неколку маици о текот на вечерта.
Инстаграм/ Адам Лабунски
Инаку, Адам неодамна ја запроси својата сакана, потоа тие направија и забава на која открија дека ќе имаат женско дете.
Инстаграм/ Адам Лабунски
Нивната наследничка го доби преубавото женско име Хана, а како изгледаше и новопечената мама за време на бременоста, погледнете од фотографиите во продолжение…
Инстаграм/ Адам Лабунски
И Јелена како и Адам е поприлично позната на социјалните мрежи, а нејзините објави секогаш привлекуваат внимание.
Инстаграм/ Адам Лабунски
Таа е млада и згодна дама која со својот шарм го освои срцето на пејачот, а од нивните фотографии може да видиме колку тие се среќни кога се заедно, посебно откако Адам ја побара за жена.