Некои личности едноставно не заслужуваат да им веруваме. Се прашувате кои? Па, ако верувате во астрологијата, имајте предвид дека тие личности најчесто се раѓаат во овие хороскопски знаци.
Близнаци
Тие ветуваат, но… ретко исполнуваат. Имаат две лица кои постојано се менуваат додека комуницирате.
Риби
Рибите често страдаат од брзи промени во расположението. Таквата личност може драматично да се смени за само дел од секундата: одеднаш да се запали, а потоа исто толку одеднаш да се врати во мирна состојба. Кога комуницирате со нив, многу е важно да научите да ги забележувате овие “циклуси”.
Вага
Вагите се нестабилни и имаат тенденција да анализираат се’ околу нив. Запомнете каде и што ви кажа оваа личност. Почесто, потсетете го на околностите околу вашиот разговор – така што тој нема да може да се откаже од него.