Додека некои хороскопски знаци сакаат да бидат опкружени со многу луѓе, постојат и такви кои повеќе ја обожаваат самотијата. Ним изолацијата им годи, а тие личности најчесот се родени во овие хороскопски знаци.
Стрелец
Стрелците без сомнеж се најизолираните и најсамостојните личности. Тие се едни од оние луѓе кои без размислување ќе заминат на патување сами, за да го одморат и мозокот и душата. Нивното обожавање на самотијата им претставува голем проблем кога се во прашање љубовните врски, затоа што едноставно не можат да заминат постојано поминување време со некоја друга личност.
Бик
Биковите се друштвени личности, но нивното време поминато во самотија им значи повеќе од што било друго. Тие обожаваат да се облекуваат, да поминуваат часови опуштајќи се во кадата или гледајќи филмови. Секако, во ова најмногу уживаат кога се сами. Инаку, Биковите се успешни во одржување врска на далечина, затоа што тоа им одговара од повеќе аспекти.
Од друга страна, пак, изолацијата најтешко им паѓа на Близнаците кои не можат да замислат да поминат една вечер затворени дома. Исто така и на Вагите кои се зависни од другите луѓе и сакаат дружења и собири. Во оваа листа се вбројуваат и Овните на кои секгаш им фали авантура, па ако не откријат нешто ново, спонтано или лудо, тие не се чувствуваат исполнето.