На овие две Македонки и мразот не им може ништо – ќе се шокирате од она што тие можат да направат
Големо БРАВО за Илина, но и за ледената Македонка Бетика која ја инспирираше да го направи ова
За неа нема почеток или крај на сезона
И додека во определени делови од земјата веќе има снег и насекаде е поприлично студено, на Илина Арсова очигледно крвта и врие.
Имено, најпознатата планинарка од Македонија сподели едно видео со кое покажа дека за неа не постои студено време.
Таа се соблече во костим за капење и влезе во студената вода, а на видеото што го објави на Инстаграм напиша: Добро утро Македонијо.
Инстаграм/ Илина Арсова
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Илина Арсова
Илина видеото го сподели на својот Инстаграм и веднаш предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Илина Арсова
„Нив не им студи, шо до колена се влезени“, се пошегува Илина со птиците што пливаат во езерото, па реши и таа да влезе.
Инстаграм/ Илина Арсова
Инаку, ова не е прв пат Илина да ги изненади своите фанови со снимките со кои ја покажува своите извонредни способности.
Инстаграм/ Илина Арсова
Таа е една мошне силна жена и секогаш успешна во она што го прави, а овој пат беше инспирирана од уште една Македонка.
Инстаграм/ Илина Арсова
Станува збор за 28-годишната Бети Котовчевска од Ресен, која на социјалните мрежи се потпишува како Бетика, позната е и како ледената Македонка. Оваа извонредна млада дама преку зиме го крши мразот на заледените езерца во Македонија за да влезе и се искапе во студената вода, а нејзин личен рекорд е капење на – 33 степени во Финска, Лапонија.
Инстаграм/ Бетика
И Бетика своите авантури ги споделува на Инстаграм, а некои од нив погледнете во продолжение…