БизнисПрепораки

На ова топ место во Скопје ќе го испиете најевтиното, но и највкусното кафе – ваков мерак нема секаде

Ќе се воодушевите и од продавачката...

Advertisement

Почитувани, во рубриката Препораки на Гламур магазин сакаме да издвоиме производи за кои сметаме дека би ве интересирале, но и за кои сме убедени дека се квалитетни или веќе и ние самите ги користиме. Ова исто така важи и за акции, попусти, но и препораки за одредени ресторани, кафулиња, хотели, па и културни настани за кои сметаме дека се интересни за читателите на нашиот портал. Некои текстови во оваа рубрика можат да бидат спонзорирани, а за некои пак се инспириравме од вашите предлози кои може да ни ги испраќате во коментарите или на нашата Фејсбук страница.

Ако сакате пријатна атмосфера и позитивен амбиент, ве советуваме да го посетите ова место и да уживате во природата.

Станува збор за место што сите многу добро го знаете, а кое во овој период од годината има посебен шарм.

Advertisement

Овој пат ве носиме на Средно Водно каде може да уживате во природата, но и во шармантниот амбиент на неколкуте тобако-кафетерии што ги има на ова место, направени од дрво и во преубаво опкружување

Приватна архива

За ова местенце не потсети една наша читателка која ни го препорача, но и ни откри дека тука го испила најевтиното нескафе во градот.

Како што ни опиша оваа наша читателка во пораката, нескафето на ова место чини само 70 денари, додека чај со рум – 50 денари.

Приватна архива

Седнувате на некоја од дрвените клупи кои ги има во изобилство на сите страни и уживате во чистиот воздух и природата.

Во близина имате и чешма – една веднаш над овие дрвени продавнички, а една кај црквата Рождество на Пресвета Богородица, која се наоѓа во непосредна близина, а каде исто така има клупи за седење.

Приватна архива

Покрај евтино кафенце, во овие дрвени продавници може да купите и евтино ладно пиво, како и одлично смути или сладолед.

Природно цеден сом од портокали и лимон ви е само 120 денари, а продавачката е толку услужна и фина, што ќе се изненадите.

Приватна архива

Единствениот проблем е паркингот, но само преку викенд и празници, бидејќи се наплаќа, но во работните денови е бесплатен.

Сето ова го прави Средно Водно едно од најубавите места во градот како за млади, така и за фамилии, но и за постарите. Наскоро ќе започне и вечерното искачување до врвот каде исто така има одлично место за кафе и пијачка, но за ова, во некоја следна прилика.

Има ли кафе за 1 евро во Македонија? Кликни тука и прочитај повеќе >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button