На никого не му се верува колку години наполни Елена – пејачката иста како и пред цели две децении
Многумина беа изненадени и од бројот на нејзините години, иако пејачката со гордост ги истакнува бидејќи никогаш не изгледала подобро.

Елена Ристеска го прослави својот 39. роденден и ги изненади сите со необичната снимка што ја сподели на Инстаграм.
Таа цел ден добиваше пораки и честитки од нејзините пријатели, а потоа сподели интересна снимка со која ги изненади сите.
Имено, Елена се сликаше со тортата, но најпрво со свеќи во форма на бројот 19, а потоа го откри и вистинскиот број на години.
Инстаграм/ Елена Ристеска
И додека на снимката со бројот 19 беше облечена како Барбика, за следното издание пејачката позираше во црно фатално издание.
„Јас сум најбогата личност на светот, затоа што ве имам вас најдобрите обожаватели на свет и ги имам најдобрите пријатели, љубов и фамилија на светот!“, напиша Елена во описот, па додаде дека оваа снимка ја направила со нејзиниот пријател и шминкер Даниел Николовски и со фотографот Мики, па го додаде и следново.
Инстаграм/ Елена Ристеска
„Дали 19 или 39 не е важно, важно е дека сум среќна и благодарна за сѐ што имам. :) П.С. ПОЛНАМ 39, но ПРАЗНО ми е срцето затоа што некои луѓе во мојот живот засекогаш ќе фалат“, напиша Елена во својата објава.
Нејзината цела објава погледнете ја во продолжение…
View this post on Instagram
Изгледа фатално, го „запали“ Инстаграм
Елена по повод својот роденден носеше розов, но и црн фустан и во двете изданија изгледаше прекрасно и го запали Инстаграм.
Многумина беа изненадени и од бројот на нејзините години, иако пејачката со гордост ги истакнува бидејќи никогаш не изгледала подобро.
Инстаграм/ Елена Ристеска
На Инстаграм Елена сподели и неколку стари фотографии, односно честитки, а некои од нив се од пред скоро цели две децении.
Инстаграм/ Елена Ристеска
Како изгледаше Елена некогаш, но и колку таа навистина се променила од тогаш до сега, погледнете во продолжение…