На Мими сите и симнуваа капа во „Ѕвездите на Гранд“ – пејачката се омажи, па го роди овој лепотан
Мими по „Ѕвездите на Гранд“ се омажи и роди бебе, но продолжи да ниже успеси и на професионален план

Кога прв пат се појави во „Ѕвездите на Гранд“ и настапи на грандиозната сцена, сите беа воодушевени од нејзиниот моќен вокал.
Од тогаш поминаа неколку години, а Мими Јовановска со својот моќен вокал стана препознатливо лице нашата музичка сцена.
Но нејзините настапи во ова шоу и денес се вртат на разно-разни платформи, а песните „Ако згрешам нека изгорам“ и „Животе мој“ што Мими тогаш ги изведе во најпопуларното талент-шоу на Балканот само на нивниот канал имаат преку три милион прегледи.

Инстаграм Мими Јовановска
Мими тогаш имаше 19 години, но овој нејзин настап и денес се смета за еден од најемотивните во историјата на оваа емисија.
Многумина тогаш пуштија солзи, а Марија Шерифовиќ ја пофали Мими дека пее како швајцарски часовник.

Инстаграм Мими Јовановска
Една година подоцна, Мими се омажи со познатиот музичар Филип Нуне, а веќе следната, 2023, тие се остварија и во улога на родители.

Инстаграм Мими Јовановска
Имено, таа во мај 2023 година го роди синот Никола, но за брзо време по породувањето повторно ѝ се врати на музиката.

Инстаграм Мими Јовановска
Наследникот на Мими
Таа неодамна ја објави и својата најнова љубовна песна,„ Те сакам“, со која пејачката ги воодушеви своите фанови.
Текстот е на Роберт Билбилов, а спотот повторно е со потписот на режисерот Даниел Јовевски кој и овој пат направи ремек-дело.

Инстаграм Мими Јовановска
Мими во спотот освојува и со својот беспрекорен шарм, посебно во прекрасните креации што ги носи.
Како изгледа ова ново издание на Мими, погледнете во продолжение:



