На колегата на Ленче Кукиќ му се заканува затвор во Германија?! И тоа за нешто што не го направил
На неговата домашна адреса му пристигнало писмо

Некогашниот победник во „Никогаш не е доцна“, битолчанецот Бејхан Рамов, повторно во фокусот на балканските медиуми.
Бејхан овој пат во центарот на вниманието дојде откако се рашири веста дека на својата домашна адреса му стигнало писмо од Германија.
Станува збор за официјално писмо од германската држава со која е известен дека направил сообраќаен прекршок.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Но како што вели Рамов, тој во Германија не бил во последните три години, па нема причина зошто да биде казнет.
Според документите Бејхан, наводно, на 15 јули 2025 година управувал со автомобил во Германија. Овој автомобил на едно место бил снимен од радар како вози 161 километри на часа, на дел oд автопатот каде што максимална дозволена брзина е 120 километри на час.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Како што изјави Бејхан за „Гранд“, заради сообраќајниот прекршок бил принуден да се консултира со својот адвокат.
„Па, луѓе, јас немам ни дозвола! Три години не сум бил во Германија. И сега треба или да платам или да одам во затвор? Ова навистина нема смисла“, изјави некогашниот победник во „Никогаш не е доцна“.
Како што самиот појасни во интервју за „Гранд“, се сомнева дека неговиот работодавец ги злоупотребил неговите податоци.

Фејсбук/ Бејхан Рамов
Казнет за нешто што не го направил?
„На мојата адреса, на мое име и презиме, пристигна казна дека сум возел автомобил во Германија и сум ја пречекорил брзината. Човекот што го познавав ги дал моите податоци за пречекорување на брзина и ме навел како возач на автомобилот. Инаку, работев пред неколку години кај него во Германија, затоа и ги има моите податоци“, изјави тој за „Гранд“.
Сонот на распеаниот ѕидар
Потсетуваме, Рамов се прослави во „Никогаш не е доцна“, а учествуваше и победи истата година кога победи и пејачката Ленче Кукиќ.
Во шоуто често го нарекуваа распеаниот ѕидар заради својата професија од која не се откажа и кога стана популарен.

Фејсбук/ Бејхан Рамов
И како што самиот истана во една пригода за „Гранд“, најголема желба му беше да изгради куќа за своите синови.
Па така Бејхан и на врвот од својата слава не се откажа од градежните работи, па си остана скромен човек, а за себе вели дека не го храни песната, туку чесната и тешка работа и потта.
Но тој вели дека и од песната исто така нема никогаш да се откаже, па така и денес често ја користи и да ги развесели своите колеги на работа во градежништвото.
Повеќе за распеаниот ѕидар прочитајте тука >>



