Реклама
BEAUTYКожа и нокти

Дами, дознајте на кој тип кожа не одговара кокосовото масло

Реклама

Иако веќе долго време се зборува за лековитите својства на кокосовото масло, но и неговата широка примена во козметиката, сепак, постојат случаи кога тоа е вистинско оптеретување за лицето зашто ги затвора паротите и ја спречува кожата да дише.

Според дерматолозите, кокосовото масло знае да биде тешко за лицето. Тие велат: „Иако ова масло има многу бенефити, сепак, ги затвора порите. Во основа, кокосовото масло е многу заситено, па наместо да се апсорбира во кожата, останува на неа. Посебно не се препорачува за лица кои се склони кон акни и митесери.“

Маркетинг

Иако тоа е богато со витамин Е, линолска киселина која ја смирува кожата, сепак, ова масло не се покажало добро во борбата против акни и митесери. Само во некои случаи се покажало како одлично против воспаление на кожата и акни.

Овде секако најпрво треба да се имаат предвид гените. На одредени типови кожа одлично им делува, додекапак на други не. Некои се повеќе чувствителни на овој производ, други не, па во овој случај генетиката игра важна улога. Секако, за да се осигурите најдобро е да го испробате. Но, бидете внимателни и сепак имајте предвид дека можеби некои други производи се идеални за вашата кожа, а не токму кокосовото масло.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button