На кафе муабет со Антониа Гиговска – „Мајчинството ме промени во секој поглед и на секое поле“
Минатиот јули, 2023 година, популарната пејачка Антониа Гиговска на свет го донесе синчето Киан. Со сопругот, музичарот Роберт Спасенцовски, познат како Џокер, се заедно во се, како што објаснува самата, а што се однесува до нејзината топ форма - заслужна е дисциплината и тренинзите.
Како се снаоѓаш во новата улога – мајка, како ти минува еден ден?
– Супер, презабавно и секогаш преактивно кога е во прашање Киан. Нема застанување, мора да е нон-стоп во акција.
МаркетингView this post on Instagram
Маркетинг
Како ги поделивте домашните обврски сега, ти и сопругот Роберт?
– Заедно сме во се, и тотално се поддржуваме во се кога станува збор за домот и за Киан.
View this post on Instagram
На кои вредности ќе инсистираш да го научиш своето детенце со текот на времето?
– Да биде чесен, добар, но не и наивен, да сака да помага на сите, да прави добри дела.
На годинешниот Макфест ја отпеа песната Жена, која е симболиката меѓу песната, жените и тебе?
– За мене сите жени се силни жени, секоја жена треба да биде сакана и почитувана, а истото важи и за мажите, се разбира. Меѓутоа, јас сум слаба на жени, жена асоцира на сила.
Во што најмногу те промени мајчинството?
– Во секој поглед, на секое поле и секое мое размислување околу работите.
Како успеа да ја задржиш беспрекорната линија, практикуваш ли строг режим на исхрана и вежби, што правиш за негата и убавината?
– За негата и убавината, секогаш се грижат моите Бабор, без кои не би можела да имам секогаш чисто и здраво хидрирано лице после толку настапи, а веќе три години активно вежбам и работам на својата линија.
View this post on Instagram
Што е следно, што подготвуваш на музички план, а какви се плановите поврзани со Роберт и со домот?
– Ух, нови песни, дует и уште многу нови работи. Ние сме спонтани, така сигурно ќе има многу патувања.