Кафе муабет
COVER STORY

На кафе кај Ангел во Градски парк – една голтка енергија, цел ден позитивна вибрација

Во срцето на Градскиот парк, веднаш до „Школка“, младо момче во своето камионче прави кафе како во филм – свежо, вкусно и со карактер. Запознајте го Ангел и неговата урбана оаза за кафе, смути и добар муабет.

Advertisement

Ако сте од оние што не можат без утринско кафе, ладно лате после трчање или витаминско смути среде шетање – еве каде треба да застанете. Во Градскиот парк, до популарната „Школка“, е камиончето на Ангел, а зад шанкот – лично тој – млад, скромен, насмејан, полн со живот и со енергија која се пренесува како добра песна што се слуша на репит: веднаш крева, го поправа денот и тера да се вратите по уште.

фото- приватна архива

Секој што поминал барем еднаш, се вратил. И не само поради добриот вкус на кафето.
Се враќаат поради пријатната атмосфера, љубезноста на Ангел и чувството дека токму тука, среде паркот, малиот ритуал го прави денот посончев – дури и кога врне.

Advertisement

Фативме момент да направиме краток муабет со Ангел, за тоа како започна оваа кафеџиска приказна, што најмногу се „точи“ и што за него значи паркот. Еве што ни раскажа:

Како започна твојата приказна со приколката и кафето?

– Мојата приказна започна со силна желба да направам нешто свое, нешто на кое би работел посветено. Градскиот парк стана мое секојдневие, уживам додека работам во моето камионче. Ова е мојот почеток, веќе имам идеи како би можел да расте и да го развивам моето камионче.

фото- приватна архива

Кое е најбарано кафе, а кое ти лично најмногу го сакаш?

– Најбараното кафе кај нас е ладното лате, особено во топлите денови во паркот. Луѓето го сакаат поради свежината и лесниот вкус. Јас не сум голем љубител на кафето, но ако бирам, секогаш за мене првиот избор е средното еспресо.

Advertisement

Што освен кафе се нуди за освежување?

– Освен квалитетно кафе, нудиме свежо цедени сокови, овошни и витамински смутиња, а од неодамна и интересни протеински смутиња и шејкови. Целта ни е секој да најде нешто за себе, без разлика дали доаѓа после тренинг, прошетка или само за да се освежи.

фото- приватна архива

Што значи за тебе Градскиот парк и што најмногу те врзува со него освен работата?

– За мене Градскиот парк е место каде што одам на работа без притисок, одам со мерак. Убаво ми е кога ќе видам дека муштериите се враќаат, некои доаѓаат секое утро, други после трчање, трети само така, да се напијат нешто освежувачки додека шетаат. Сите тие средби и муабети ми го прават денот полесен. Паркот ми носи позитивна енергија, а драго ми е што и јас придонесувам на некој свој начин.

фото- приватна архива

Следен пат кога ќе се шетате низ парк, сега знаете каде да подзастанете  – Ангел е таму, секогаш насмеан, и подготвен да ви сервира нешто по ваш мерак.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button