На инфлуенсерката од Струмица Љупка Митрева страст ѝ се бесните машини – „вистинска кола е како вистински маж, треба да се проба“
Во новата епизода на тв емисијата „Нешто конкретно“ на водителката Снеже Велов, се зборува за жената, како таа се сака и како се почитува. Ќе ги слушнете и двете страни – машката страна која ќе ги сподели своите искуства и женската страна со своите очекувањата од „посилниот“ пол. Гости во студиото кај Снеже се Антонија Гиговска, Јанаки Митровски, Љупка Митрова и Даце Николовски.
Антонија смета дека постојат жени кои ги воодушевуваат скапи подароци, свесна е за тоа, но таа вело дека не е една од нив. Додека другата претставничка на понежниот пол, Љупка Митрова, вели дека добива внимание, но и скапи подароци, и дека едното со другото оди.
Јанаки Митровски сподели дека тој сака да подарува, но неговата сопруга била толку скромна што кога ќе излезе на шопинг се враќала со повеќе пари од претходно.
А дали жената ја прават градите и задникот или таа повеќе привлекува со интелигенцијата? Ќе слушнеме кој водел љубов на незгодни места, дали сопругот мора да се сеќава на важните датуми и дали мажот може да сака повеќе жени истовремено.
Мажите се согласија дека верноста на жената е нивна заслуга односно дека ако си напишеш „домашно“ жената ќе остане верна. А Љупка додаде дека ако фати „суша“ жената си ги пакува куферите и си оди. Антонија пак признава дека нејзиниот сопруг Роберт не верувал во песната „Жена“ и сметал дека е монотона.
Оваа содржина ќе ја гледате во „Нешто конкретно“ со Снеже Велков во недела во 17 часот на Телма.