BEAUTYCelebrityFashionИнтервјуКожа и ноктиКосаТрендови
COVER STORY

На dm настанот имаше „тепачка“ на нејзиниот штанд, интервју со Миља Јовиќ, гостинка од Србија

Advertisement

На неодaмнешниот настан findYourbeuty во организација на dm огромно внимание привлече името на гостинката од Србија, Миља Јовиќ, сертифициран личен стилист и аналитичар за бои.

Зошто сите девојки сакаат да ја искористат оваа бесплатна услуга?

Анализата на бои е многу популарна во последно време и нашите дами ги следат трендовите тоа се потврди и со преголемите гужви на штандот кај Јовиќ. Успеавме да направиме кратко интервју со неа да ни објасни што значи оваа професија, како се станува личен стилист и аналитичар за бои и кои се придобивките од неа. Таа по вокација е инженер, но пред две години своето знаење го насочила кон убавината и љубовта кон боите.

Advertisement
фото: GLAMUR

 

  1. Како ја одбравте оваа професија?

– Јас сум инженер, но пред две години кај мене се роди љубовта кон боите и љубовта кон тоа да им помогнам на жените во разубавивањето и поради тоа се усмерив во тој правец и не погрешив.

2. Како се станува личен стилист и аналитичар за бои?

– Завршив колеџ за мода во Лондон, а потоа се доусовршував кај посебен ментор на обука еден нн еден за конкретната област. Ги изучував боите карактеристични за ова поднебје нашиот регион, кои се актуелни, но и како се менувале низ историјата. Бидејќи најмногу време поминувам на овие простори со нашите дами и тоа и ми е целта. И покрај тоа што се школкував за глобално сепак смислата ја гледам овде. Завршив и неколку обуки онлајн преку американски програми додека живеев во Австрија.

Advertisement

3. Забележуваме голем метеж пред вашиот штанд . Дали очекувавте волку голем интерес до Македонките за анализа на боите?

– Анализа на боите во псоледнава година е навистина мнигу актуелна тема и има огромен интерс насекаде низ светот за ова прашање. До некаде ми е криво што претходно не сум била запознаена подетално со ова и не сум била свесна колку, всушност, боите имаат силно влијание врз нас, како врз нашиот физички изглед, така и наннашите емоции. Дознавајки кои бои ви прилегаат и анализирајќи како тие влијаат на вас се запознавате себеси на еден креативен начин кој во иднина ќе ви помогне во начинот на купување на обвлека и тоа многу. Не мислам на тоа дека помалку ќе купувате, но точно ќе знаете побрзо да го одберете парчето за себе. Анализа на боите го гледам како јазик кој ни помага да научиме повеќе за себеси.

фото: GLAMUR

Во однос на вашето прашање, дека очекував во секој момент да има ред од стотина жени, ќе бидам искрена не очекував.

4. Дали со вашето искуство ја имате спсобноста кога ќе погледнете некоја личност веднаш од око да процените која боја и прилега?

– Не секогаш. Во некои ситуации моежби можам, но сепак е потребна конкретна и детална анализа на личноста.

5. Дали бевте дел и од findYourBeauty by dm во Белград и можете ли да направите некакава споредба со овој во Скопје?

– Јас сум за првпат на настан findYourBeauty by dm,  јас живеам во Обединети Арапски Емирати и за настанот во Белгард гледав само на видеа на социјалните мрежи. Овде во Скопје си поминувам прекрасно, многу е убава атмосферата, енергијата луѓето се фини и се е одлично, чест ми е што сум дел од организацијата. Среќна сум и благодарна за можноста да разговарам со овие прекрасни дами да разменуваме искуства за начинот на кој се негуваме, шминкаме и да ја славиме заедно убавината.

фото: GLAMUR

Погледнете од видеата и фотографиите во галеријата како изгледаше  работилницата на Миља Јовиќ, сертифициран личен стилист и аналитичар за бои.

 

фото: GLAMUR

 

фото: GLAMUR
фото: GLAMUR

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button