Реклама
MAMAКафе муабет

Понекогаш, на девојката која е секогаш достапна за сите, ѝ треба некој да биде тука за неа

Реклама

Кога ти си девојката која секогаш им е достапна на сите – ти чувствуваш многу. Имаш срце големо како океан, кое ги собира сите грижи и кое нуди утеха за секој. Даваш и даваш и даваш и никогаш не се жалиш поради тоа.

ФОТО: humanengineers.com

Даваш дел од себе, за да им помогнеш на другите. Но, на некој начин и се повредуваш зашто забораваш на себе. Доаѓа момент кога се чувствуваш осамена и сфаќаш дека секој го следи својот пат, но никој не се свртува кон тебе. Е тие моменти најмногу болат. Кога ќе се случи тоа, кога ќе бидеш оставена сама на себе, бараш начин и излез од ситуацијата. Ја вадиш од себе сета сила и продолжуваш понатаму, зашто ти си храбрата девојка. Но, зар другите не согледуваат дека и тебе понекогаш ти треба поддршка и прегратка, некој да биде тука за тебе?

Па, очигледно е дека девојката која секогаш наоѓа време за другите, има потреба од некој некогаш да биде тука за неа. Понекогаш, девојката која ја има најголемата насмевка, во себе крие огромна тага. Понекогаш, девојката која секогаш им ги брише созите на другите, се враќа дома и плаче по цела ноќ.

Маркетинг

Ако и ти си девојката која секогаш е тука за другите, треба да знаеш дека твоето срце е ретко. Ти имаш способност да ги смируваш бурите кои владеат во луѓето, прекрасна девојка која лекува скршени срца и дава утеха на изгубени личности. Потсети се дека си неверојатна, но и дека и тебе ти треба одмор. Потсети се дека заслужуваш љубов.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button