Реклама
Наши ѕвезди

На денот на нејзината смрт се случи нешто морничаво – беше една од најпознатите пејачки во Југославија, а почина прерано

Реклама

Беше една од најпознатите пејачки и ја сакаше цела Југославија, но си замина прерано и ги остави во црно нејзиното семејство, пријателите и обожавателите.

Ѓурѓица Барловиќ беше првата пејачка на култниот хрватски бенд „Нови фосили“ и важеше за една од омилените пејачки во цела поранешна Југославија. Поради нејзиниот раскошен и убав глас сите и предвидуваа блескава кариера, а во 1977 година на „Сплитскиот фестивал“ со песната „Диридонда“ го воодушевија целиот регион. Следуваше издавање на албумот „Да те не волим“, а во 1982 година Ѓурѓица одлучи да го напушти бендот и да се посвети на семејството, и тогаш на нејзиното место доаѓа Сања Долежал.

Маркетинг

https://www.youtube.com/watch?v=cx9RsJ_JSwE

 

Маркетинг

„Нејзе семејството и беше поважно од нас, поважно од било каков настап, од сите пари на овој свет. Таа беше родена за мајка, сопруга, а од друга страна беше врвна пејачка.. и тоа каква! Никогаш поради неа не откажавме концерт, никогаш не и пукна гласот“ – раскажува своевремено фронтменот на бендот „Нови фосили“, Рајко Дујмиќ.

Ѓурќица се омажи за стоматологот Брацо, со кого доби два сина Хрвоје и Борн. Прд да одлучи да го напушти бендот пееше дури и во бременоста, со стомак до забите, не сакајќи да се откаже од сцената бидејќи музиката беше нејзиниот живот.

Голем шок за сите беше нејзината ненадејна смрт, која ја потресе јавноста во цела поранешна Југославија. Таа ненадејно почина во 1992 година, на 42 години и ги остави зад себе сопругот и двајцата синови.

Почина како последица од акутен инфаркт во Интерната болница во Задар „Имаше цврсто и стабилно здравје. Затоа и ме изненади нејзиното прерано заминување. Тој ден кога почина, верувале или не, кај мене дома во станот застанаа сите часовници. Подоцна ја слушнав тажната вест“ вели нејзинито поранешен колега Рајко Дурмиќ

 

Албумот „Недовршена приказна“ со хитовите кои ги снимаше со групата „Нови фосили“ беше издаден постхумно.

Извор: pulsonline.rs

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button