За жал, во денешно време многу активности го заменија дружењето со децата, што доведува до многу лоши последици.
Децата денес може да имаат што и да посакаат, но затоа, помалку ја чувствуваат топлината и задоволството во домот. Децата стануваат жртви на амбициите на своите родители, кои имаат големи очекувања, но не и време за нив. Затоа, децата одат на часови по јазик, спортски активности, музички содржини… мислејќи дека со тоа ќе се компензира отсуството на родителот од домот.
Меѓутоа, на децата не им е тоа најважно. Најважно им е да добијат љубов, внимание, топлина… Тие не можат да бидат вистински задоволни и среќни ако постигнат голем успех во спортските активности. Секако дека тоа значи, но не ја надополнува родителската грижа и љубов.
Затоа, наместо да им купувате скапи облеки и скапи играчки на вашите деца, потрудете се на поинаков начин да измамите насмевка на нивното лице. Пред се’, разговарајте со нив, дајте им внимание, ислушајте ги… Дозволете им на вашите малечки да израснат во среќни личности, наместо во студени луѓе кои нема да знаат да даруваат љубов и топлина.
Секој миг поминат со вашето дете е вреден. Сите други работи може да почекаат еден час или два, но дружењето со вашето дете и гледањето на искрената насмевка на неговото лице, ништо не може да го замени!