На човек можете да му земете многу работи, но љубовта која ја крие во себе, не можете да му ја земете НИКОГАШ
Некои луѓе поседуваат многу материјални работи, но сепак се сиромашни.
Животот не го прават скапите автомобили, луксузните куќи или брендираната облека. Животот се состои од мали ситници исполнети со љубов, кои знаат да дадат мотивација за новиот ден. Мали вредни работи кои не се купуваат со сето богатство на светот. Понекогаш разочарани можеме да паднеме на дното, мислејќи дека се губиме во некоја бездна, но љубовта од нашите најмили и рацете кои тие ни ги подаваат прават да се издигнеме и да земеме здив за новиот ден, а таа сила ја немаат материјалните работи. Она што може да ви го подари искреното срце – не може никој друг.
Одземете му го работното место на човек – тој повторно ќе се издгигне.
Одземете му ја куќата – тој и понатаму ќе продолжи да дише.
Одземете му ги материјалните работи – тој нема да се игуби себеси.
Но, никогаш не ќе можете да му ја одземете љубовта и добрината која ја крие во себе. Искреното срце вреди многу повеќе отколку што можете да замислите. Чувајте го!