Новости

На Аца Лукас му забранија уште еден концерт – јавноста шокирана, што се случува со познатиот пејач?!

На Лукас уште ова му требаше...

Advertisement

На пејачот Аца Лукас му беше откажан концертот на Јахорина откако исплива една фотографија на која седи со Насер Ориќ.

Како што пренесуваат странските медиуми, станува збор за поранешен воен командант од регионот Сребреница кој во Србија се бара со потерница за извршени воени злосторства над Србите.

Advertisement

На Инстаграм профилот на Олимпискиот центар Јахорина веднаш се појави соопштение дека на пејачот му е откажан концертот.

Принтскрин/ Јутуб, Пинк

Инцидентот настана откако порталот „Санџак денес“ објави фотографија на која се гледа пејачо тАца Лукас во кафеана во друштво на Насер Ориќ, поранешниот босански воен командант.

По скандалот се огласи и Аца Лукас, кој за српскиот Курир порача дека не знаел кој е Насер Ориќ со кого седел на иста маса.

Принтскрин: Фејбсук/ Аца Лукас

„Навистина не знам кој е господинот, бидејќи истата вечер со мене се сликаа повеќе луѓе. На сите им излегов во пресрет, како и досега, и секогаш на луѓето ќе им го пружам задоволството да имаат спомен со мене“, изјави контроверзниот фолк-пејач за српскиот Курир.

Принтскрин: Фејбсук/ Аца Лукас

Посетуваме, Аца Лукс неодамна беше уапсен во Македонија и спроведен во полицијата, заради низа неправилности.

Скандалот се случи на неговиот концерт во Кавадарци, по што се огласи дури и премиерот Христијан Мицкоски.

Принтскрин: Фејбсук/ Аца Лукас

Според официјалните изјави на нашите служби имало низа неправилности, меѓу кои и тоа што Аца немал дозвола за работа.

Пејачот откако беше пуштен од полицијата, се огласи и најпрво порача дека во Македонија не се чувствува безбедно и дека во блиска иднина не планира повторно да дојде, иако веќе имаше закажано концерт.

Принтскрин: Фејбсук/ Аца Лукас

Неколку дена подоцна, Аца Лукас и неговиот менаџер најавија дека концертот на 20 декември во Јане Сандански ќе биде хуманитарен.

Како што објавија тие тогаш, сите пари од концертот ќе бидат донирани за семејствата на настраданите во Кочани, а покрај Аца на концертот ќе настапуваат и Мирослав Илиќ и Мира Шкориќ.

Повеќе за ова прочитајте тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button