Mишко Иванов ја напушти ТВ 24: Во Македонија се ќе ти простат, но успех никако

Мишко Иванов е долги години познат новинар од повеќе медиуми, а во моментов рабпти во ТВ 24, и сега е актулен по емисијата Патот до успехот.
Многу домашни и регионални доајени беа дел од неговите приказни. Од тенорот Благој Нацовски кој за прв пат ги отвори вратите на Миланската скала на една Тв куќа… преку фудбалската легенда Горан Пандев, до последното интервју на Милена Дравиќ, Мишко Иванов има со што да се гордее во „Патот до успехот“, објави Женски магазин во една прилика.
„Патот до успехот“, покажа дека македонската публика е желна за успешни приказни, за можноста повозрасните да се потсетат на некогашни убави времиња, а помладите да дознаат каков е патот на успешните личности.
Мишко Иванов, долгогодишен новинар во ТВ24 и автор на “Патот до успехот”, на Студио 10 ја информираше јавноста дека се повлекува од телевизијата.
КРАЈ НА ЕДНА ЕПОХА ОД МОЈОТ ПРОФЕСИОНАЛЕН ЖИВОТ!

Драги мои пријатели
Сакам да ве информирам дека мојата приказна со ТВ 24 заврши денеска, и официјално. Се разделивме спогодбено. 😏
Прво, сакам да ја искористам приликата да се заблагодарам на менаџментот на ТВ 24 за дадената можност да бидам дел од тим со кој изминативе скоро 12 години (од септември 2012) успеавме да ја етаблираме телевизијата во вистински бренд и да ја направиме вистинска граѓанска телевизија.
Сакам да им се заблагодарам на сите колеги од уредници, репортери, момтажери, сниматели, камермани, организатори, реализатори, на оние кои беа и кои се во ТВ 24 за се што поминавме заедно и во добро и во лошо.
Благодарам 🙏🙏🙏
Овие 12 години горд сум на Патот до успехот, на Студио 10, на дневниците кои ги уредував, за тоа впрочем говорат и наградите.
Но, сепак најголемата и најдрага награда ми е подршката од вас почитувани мои гледачи.
Е сега, тргнувајќи од пораката – Во Македонија се ќе ти простат, но успех никако, веројатно тука некаде ќе треба да бараме некакви причини.
Почнаа да дуваат некои нови чудни ветришта, во кои едноставно не се разбравме, дополнително што влегуваме во предизборен период. И како велат, време е да се прекине нешто, кога е најубаво.🙂
Драги мои
Време е за нови предизвици. За многу скоро повторно ќе се дружиме. Одиме уште посилно.
… До успехот со Мишко Иванов, не смее да прекине. Едноставно тоа е најдоброто нешто кое ми се има случено мене, на вас, на сите во ова време невреме. И затоа мора да продолжи.
Бидете живи и здрави. Се гледаме наскоро.
Со почит Мишко Иванов гласи фејсбук статусот.




