Беше опериранa во понеделникот
Венецуелскиот модел Вилевис Брито доживеа срцев удар и почина откако во понеделникот беше подложенa на операција на лицето во болница во Каракас.
Иако операцијата била успешна, подоцна дошло до компликации, пишува Дејли Мејл.
– Направена е операција на вилицата поради истрошеност во максилофацијалната област и мала грутка која и се формирала на усната. Тоа не го направила за да го промени изгледот, туку за своето здравје – изјавила за „Ел Питазо“ девојка која заедно со Вилевис во 2023 година учествувала на настан, но не сакала да се спомене нејзиното име.
Дека младата жена не барала естетска процедура, туку да реши здравствен проблем потврдил и мажот кој на социјалните мрежи се претставил како брат на починатата девојка.
Максилофацијалната хирургија е стоматолошка специјалност која вклучува третман на повреди на устата, забите и вилицата.
– Таа ми е сестра и не направи естетска операција. Го исцедиле апсцесот и ја ставиле под анестезија. За жал, таа никогаш не се разбуди и почина од срцев удар… Фокусирајте се на позитивни коментари, а не на судови кои никој не ги побарал – напишал овој човек.
Вилевис Брито емигрирала во Аргентина пред неколку години и студира социјална комуникација на „Interamerican Open University“ во Буенос Аирес.
Работела како водител за А24, аргентински кабелски канал за вести и Америка Тукуман, нејзината сестринска станица.
Брито беше второпласирана на изборот за Мис на Венецуела на светот 2021 година што се одржа во Буенос Аирес, за кралици на убавина мигранти кои ја напуштија некогашната нација богата со нафта и се населиле во Аргентина.
Таа се врати во родната земја и во 2023 година ја освои титулата кралица на спортовите на Ла Гуаир, нејзиниот роден град.
Во слободното време, Брито често волонтира во фондацијата Симон Ла Гуаира.
– Никој не замислува дека животот на некој млада, полна со живот и толку среќна ќеи се искомплицира на овој начин – изјави вработената во фондацијата под услов да остане анонимна.
-Затоа толку многу боли. Секогаш ќе ја паметиме Вил, по односот кон оние околу неа, по внатрешната убавина, а не по круните што ги освои – додаде тој.
Телото на младата Брито беше погребано во средата.
– Се простивме од нашата сакана Вилевис, млада жена која ќе остане запаметена по нејзината харизма, нејзината насмевка и подготвеноста да подарува љубов и да им помогне на оние на кои им е најпотребна – изјави гувернерот на Ла Гуаира, Хозе Теран на Инстаграм.