Mилијардерот што изгуби три деца во нападите на Шри Ланка се огласи – неговата емотивна порака НИКОГО не остави рамнодушен
Милијардерот од Данска Андерс Холч Повлсен (46) потврди дека неговиот син Алфред и двете ќерки, Агнес и Алма, загинаа во терористичкиот напад на Шри Ланка кој се случи за католичкиот Велигден и во кој загинаа 253 лица.
Неговата трета ќерка Астрид го преживеала нападот, а и самит Повлсен бил повреден од една од експлозиите.
Во Брандеу беше одржана комеморација на неговите деца. На настанот имаше околу 700 луѓе од овој град, а свештеникот Арј Холс Ларсен пред присутните ја прочита пораката напишана од милијардерот.
„Губитокот на нашите деца е потполно незамислив. Нашето семејство ќе го помине овој тежок период со помош на прекрасните луѓе со кои сме опкружени, нашите пријатели, талентирани колеги и семејството. Многу сме благодарни на солидарност и хуманоста која што ја покажаа нашите сограѓани, пишува во неговата порака.
#Asos billionaire Anders Holch Povlsen loses three children in #SriLanka blasts https://t.co/uQwJ9TiK5T pic.twitter.com/KtMk3hRyJy
— The Straits Times (@straits_times) April 22, 2019
Граѓаните на овој дански град се собраа на главниот плоштад каде што запалија свеќи, пееја песни и се молеа во спомен на убиените членови на нивната заедница.
Комеморација беше одржана и во други градови во Данска.
Повлсен со семејството беше во хотелот „Шангри Ли“ во Коломбо, главниот град на Шри Ланка кој беше еден од метите на бомбашите.
Полицијата потврди дека еден од напаѓачите кој се разнесе во овој хотел е водач на екстремистичката група.
Радикалниот проповедник Захран Хашим наводно го предводел нападот во тој хотел, а со него бил и другиот бомбаш кој е идентификуван како Илхам