Реклама
BEAUTYФитнес

Мотивација плус: Музиката го олеснува процесот на вежбање

Реклама

Научниците од Универзитетот Тексас сега само уште еднаш потврдија дека музиката го олеснува интензивното вежбање. Ова истражување нуди докази дека музиката може да послужи како помошно средство кое ја мотивира личноста да вежба. Докажано е дека учесниците кои слушале музика во текот на кардио тренинзите биле поиздржливи од оние кои вежбале без музика.

Истражувачите испитувале 127 пациенти со цел да утврдат како срцето реагира на сите напорни вежби, вклучувајќи и трака за трчање. Половина од учесниците имале задача да слушаат латино музика со брзо темпо, додека другата половина одела во тишина. Откако ги споредиле резултатите, научниците сфатиле дека испитаниците кои слушале музика, вежбале 8 минути и 26 секунди без прекин, односно една минута и девет секунди подолго од испитаниците од другата група.

Маркетинг

Треба да се нагласи дека ова не е прво истражување кое дало вакви резултати. Некои стражувања покажале дека луѓето се спремни да вежбаат поинтензивно кога ритамот на вежбање е прилагоден на ритамот на музиакта.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button