Реклама
Култура[тор]

Музички хепенинг на планинарскиот дом Вртешка на Плачковица

Реклама

Планинарското друштво Лисец од Штип на 12.07 (четврток) традиционално ќе го организира голем музички хепеннг во кругот на планинарскиот дом Вршетка кој се наоѓа во срцето на планината Плачковица.

Настанот е во склоп на Штипско културно лето, а оваа година задолжени за добра забава ќе бидат бендовите Crossroud Blues Band и The Doctors.

Маркетинг

Превоз

За овој настан планинарското друштво за сите заинтересирани организира и превоз со автобус. Автобусот ќе тргне во 17.00 часот пред тргавскиот центар во Штип а се враќа веднаш по настанот во 01.00 часот.

Маркетинг

Цената е 100 денари повратен билет.

Панорама од планинарскиот дом Вртешка и црквата Св. Ѓорѓија

До планианрскиот дом можете да дојдете и со автомобил. Патот е асвалтиран речиси до самиот двор на домот.

Планинарското друштво Лисец ги повикува сите љубители на природата и добрата рок свирка да повелат на заедничко дружење во природа. Планинарскиот дом располага и со соби за спиење кој предходно ќе треба да се резервираат. Повеќе информации за резервации и самиот настан побарајте тука >>

Ве очекуваме.

Поврзано

Back to top button