Реклама
Култура[тор]

Прочитајте што вели пророкот Мухамед во новиот број на Шарли Ебдо (+18)

Реклама

Францускиот сатиричен неделник „Charlie Hebdo“ кој беше десеткуван во исламистички напад, повторно на насловната страна која што треба да излезе во среда го нацрта Мухамед кој го држи натписот „Јас сум Шарли“, истакнувајќи дека нема да попушти и дека ќе продолжат да го прават она што го правеа и досега.

Неделникот кој на мета на исламистите се најде токму заради тоа што често ги црташе карикатурите на Мухамед, на насловната го прикажува Мухамед кој плаче облечен во бело и во рацете држи хартија на која пишува „Јас сум Шарли“.

Маркетинг

Над фотографијата која што ја потпишува Луз стои насловот „Сè е простено“, а бројот е направен од преживеаните членови на редакцијата. Луз е еден од преживеаните кој сосема случајно се спаси од нападот, а бројот ќе излезе во три милиони примероци, наместо во 60.000 колку што се печатеше досега. Тој ќе биде преведен на 16 јазици и ќе се продава во 25 земји во светот.

Маркетинг

Карикатуристот Луз кој го преживеа масакрот

„Веќе 22 години нема број во кој го немаме објавено карикатурата на папата, Исус, свештеник, рабин, имам и Мухамед, па навистино би било чуидно да ги нема и во овој број, изјави Ричард Малка, портпаролот на овој неделник.“

„Нема да попуштиме, инаку сето ова би немало смисол. Состојбата на духот Јас сум Шарли го вклучува и правото на навреда“, вели тој.

 Дали го поддржувате Шарли Ебдо? Погледнете ги овие фотографии и кажете ни што мислите за нив? 

Од една страна имаме луѓе кои велат „Ние сме Шарли“, и за кои Волтеровата реченица „Не се сложувам со ниту еден збор од сето она што го кажа но до смрт ќе го бранам твоето право тоа да го зборуваш“ гледаат како на светиња.

Од друга страна пак, луѓе кои веруваат во Бог (и христијани и муслимани и јудеисти) за кои овие карикатури ги имаат преминато сите граници и кои сметаат дека истите не би требало да постојат воопшто, а некои од нив дури и да речат – на крајот на краиштата, тие и си го добија тоа што го заслужуваат.

Според гледиштето на овие вториве (тука не мислиме на џихадистите, туку на верниците што така размислуваат!) француската влада во името на слободата на говорот отишла предалеку и требало одамна да реагира така што ќе го санкционира сатиричниот весник уште на самиот почеток, и со тоа не само што не би дозволиле тие да можат слободно да се исмеваат и да ги навредуваат чувствата на верниците, туку со тоа би ја спречиле и големата трагедија.

Што се однесува до мене, моето гледиште е слично со она на луѓето кои велат „И јас сум Шарли“, затоа што немам проблем со хуморот и сакам кога некој се смее на добар виц или карикатура, па и кога се шегува (!) со моето чувство како христијанин, верник, Македонец, или било што друго…

Од друга страна пак, искрено ми е жал и за оние млади идиоти кои со калашникови го направија масакрот во редакцијата, како и за сите оние очајни луѓе кои сметаат дека со убиство и злосторство ќе го трасираат својот пат до рајот.

Едноставно, кога би убиле некој корумпиран политичар, или претставници на влада која безмилосно и свирепо води војни, тогаш можеби би кажал, ОК, копилињата си го добија своето (иако и за нив би ми било жал!), но да изрешеташ новинари во име на Бог, би можело да има само едно објаснување, а тоа е дека Бог одамна ги напуштил таквите и прашање е кој сега им зборува во негово име?

НО, како што вели Шарли, со солзи во очите и во името на Мухамед: „Прости им Боже, не знаат што прават!“

Што мислите вие на оваа тема?

Робин Худ Џуниор

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button