Тие не очекуваат од партнерот да ги финансира: Неколку работи кои мудрите жени не ги бараат од своите мажи
Денес ќе се обидеме да издвоиме некои работи кои секоја паметна и самостојна жена никогаш во својот живот нема да ги побара од нејзиниот партнер.
Не очекува да ја финансира
Одредени жени едноставно им се прпуштаат на своите сопружници во секоја смисла, а тоа често вклучува облекување, хранење, издржување. Запаметете дека не е ничија должност да ве издржува, освен ваша лична! Тој доброволно може да се грижи за вас на руги начини, но тоа не е негова обврска.
Не бара од нејзиниот сопруг да се откаже од пријателите и семејството
Можеби не го сакате неговиот најдобар пријател или неговата мајка, но тоа не значи дека тој треба да го прекине односот со нив. И тој има право самостојно да донесува одлука со кој ќе се гледа и со кој ќе се дружи.
Не бара од нејзиниот сопруг да ги прифати или одобри нејзините хобија
Ако отсекогаш сте сонувале да научите да танцувате заедно со вашиот партнер, а тој едноставно не е таков тип, тоа не значи дека треба да се откажете од вашата страст.
Не бара да ги игнорира другите жени
Факт е дека вашиот сопруг има очи. Тој секојдневно забележува убави и срдени жени и тоа е сосема во ред.