Ако си успешен во нешто, тогаш луѓето или ќе те копираат, или ќе ти завидуваат или ќе те мразат: Мудри цитати од незаменливиот Достоевски
Фјодор М. Достоевски е најзначајниот руски писател и столб на реализмот како литературен правец, кој постојано воодушевува нови генерации.
Фјодор М. Достоевски е најзначајниот руски писател и столб на реализмот како литературен правец, кој постојано воодушевува нови генерации. Затоа, денес ве доближуваме барем малку до неговото творештво, со овие прекрасни цитати.
„Оној кој самиот себе се лаже, најлесно се навредува.“
„Ако си успешен во нешто, тогаш луѓето или ќе те копираат, или ќе ти завидуваат или ќе те мразат.“
„Знајте дека нема ништо повишно и посилно, и поздраво, и покорисно за идниот живот, од некаков убав спомен, а особено ако е тој од детството, од родителската куќа… Еден толку прекрасен свет спомен зачуван од детството, можеби е токму најдобро воспитание. Ако човек носи во себе многу такви спомени, тогаш тој е спасен за цел живот. А ако макар еден убав спомен остане во нашето срце, некогаш и тоа може да послужи како спас. .. .Не плашете се од животот! Колку е убав животот кога ќе направиш нешто добро и праведно!“
„Никогаш не превземај и не почнувај ништо додека си налутен.“
„Да љубите некого значи да го гледате така како што Бог го замислил.“
„Кога женското срце ќе зажали, се разбира дека тоа е најопасно за самата жена.“
„Ако си тргнал кон целта и по пат почнеш да подзастануваш и со камен да фрлаш по секое куче кое лае по тебе, никогаш нема да стигнеш до целта.“
„Ако рајот не е во тебе, никогаш нема да влезеш во него.“
„Убавината е истовремено и таинствена и ужасна. Господ и ѓаволот таму се борат, а бојното поле е срцето на човекот.“
„Болката и страдањето се секогаш неизбежни за една длабока интелигенција и големо срце. Навистина големите луѓе мораат, сметам, да проживеат голема тага на оваа земја.“