Му пукна филмот, не можеше да го премолчи ова – цела Македонија во ѓубре, Јордан без влакна на јазикот
Оваа снимка на пејачот Јордан Митев е нето што треба секој во Македонија да го види и да се замисли...

Пејачот со јавна критика до градоначалниците, без разлика од која „вера и националност се“ …
Познатиот фолк-пејач со еден коментар и снимката што ја сподели предизвика бројни реакции на Фејсбук.
Познатиот фолк-пејач Јордан Митев на својот Фејсбук сподели видео со кое потенцираше еден сериозен проблем со кој се соочуваме како општество, а кој многу наши градоначалници не знаат да го решат.
Фејсбук/ Јордан Митев
Имено, пејачот сподели снимка направена во странство и покажа како таму се собира ѓубрето, со роботизиран камион.
И откако камионот ќе помине, не останува ниту една трошка на земјата, за разлика од некои градови во Македонија.
„Додека ние како општество ја учиме лекцијата за хигиена, развиените земји одамна ја научиле и истата не е предмет на расправа и дискусија“, напиша Јордан под снимката што ја сподели на Фејсбук.
Во продолжение погледнете ја и ситуацијата кај нас, во нашиот главен град, снимена неодамна и споделена на Фејсбук.
Има разлика, нели?