Наши ѕвезди

Му посакувам да оздрави што поскоро – пејачот Кире Науновски открива детали за Жика Јакшиќ

Познатиот водител беше хоспитализиран, а Кире Науновски откри каков човек е Жика во неговите очи.

Advertisement

Како што пренесуваат српските медиуми, Жика Јакшиќ неодамна завршил во болница заради нарушена здравствена состојба.

Според овие објави, на Жика некое време не му било добро, па одел на разни испитувања, за да му утврдат дијагноза.

Advertisement

И откако состојбата му се стабилизирала, познатиот водител на „Никогаш не е доцна“, бил пуштен да продолжи со лекувањето дома.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

Тој сега закрепнува во неговиот дом во Белград, а заради мирот што му е потребен, избегнува да се појавува во јавноста.

Advertisement

Како што вели неговиот пријател, харминикаш0т Микица Гачиќ, Жика сега е дома, а додеа бил во болницата немал телефон.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

„Не постоеше можност за комуникација. Мислам дека десетина дена беше во болницата Свети Сава“, изјави тој за медиумите.

И сопругата на починатиот Саша Поповиќ, Сузана Јовановиќ, неодамна беше прашан за состојбата на Жика, но таа не откри ништо.

„Не се слушнав со него и не знам ништо за неговото здравје“, кратко изјави вдовицата Сузана Јовановиќ за „Блиц“.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

Кире Науновски за Жика

Кире Науновски, победникот во „Никогаш не е доцна“ деновиве во интервјуто за Гламур магазин откри неколку детали за Жика.

Тој му посака побрзо да оздрави, а на прашањето каков човек е Жика приватно, Кире имаше само пофални зборови.

„Јас веќе кажав дека причината за која се пријавив во шоуто е Жика, неговата позитивна енергија, и карактер кој влева самодоверба, му посакувам побрзо оздравување и секое добро“, вели Кире во интервјуто за Гламур.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

Пејачот исто така додаде дека токму Жика и неговиот позитивен карактер биле главата причина да се пријави во шоуто.

„Јас сум голем (по нашки ) тремарош. А пред секој настап неговата енергија ме отпушташе и ми даваше самодоверба да продолжам напред и да дадам свој максимум!“, изјави Кире во интервјутоз за Гламур (вити тука).

Нови детали

Потсетуваме, пред нешто повеќе од месец дена, на Јакшиќ му се слошило, по што тој веднаш им се обратил на докторите.

И откако му била пружена прва помош, како што пренесуваат медиумите, Жика бил хоспитализиран во болницата Свети Сава во Белград, каде бил сместен во одделението за интензивна нега.

Таму бил под постојан надзор на лекарите, а наводно, сите наоди укажувале на мозочен удар како причина за симптомите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button