Му купи кукла за с*кс на своето момче што личи на неа?! Необичен пар хит на ТикТок и Онлифанс
Изморена од либидото на своето момче, решила да му купи кукла – и тоа не обична, туку што личи на неа...
![](/wp-content/uploads/2025/02/kukla11-780x470.jpg)
Тие нивната кукла на која и го дадоа името Ди, редовно ја облекуваат во долна облека и се возат заедно со неа во автомобилот.
И како што вели овој пар, љубовта во тројка со нивната кукла е одлична алтернатива за вистинско уживање во тројка.
И додека многу жени кога не се расположени за љубов велат дека ги боли глава, Шарлот Греј очигледно нема такви проблеми.
Принтскрин/ ТикТок
Таа има 23 години, додека нејзиниот партнер Калум Блек 28, а од неодамна со нив живее и нивната кукла Ди.
Принтскрин/ ТикТок
Имено, Шарлот му купила кукла која може да ја замени кога таа не е расположена за водење љубов, а многумина на социјалните мрежи коментираат дека куклата навистина многу личи на неа.
Принтскрин/ ТикТок
Тие живеат од тоа што објавуваат содржини на платформите Онлифанс и ТикТок, а куклата се појавила како идеално решение откако нејзиниот партнер прв пат добил идеја да водат љубов во тројка.
Принтскрин/ ТикТок
Па така наместо да има проблеми со друга жена која би можела да и го земе партнерот, таа му ја подарила оваа пластична убавица.
Принтскрин/ ТикТок
И како што пишува „Дејли мејл“, сега овој пар куклата ја третира како вистинска, ја облекуваат во долна облека и фустани, заедно се возат во автомобил и ги гледаат омилените серии, и притоа никој не е љубоморен.
Принтскрин/ ТикТок
„Таа не е само кукла – ние навистина сме поврзани со неа. Ни помогна да ја направиме нашата врска посилна, но и внесе позитивни промени во нашиот љубовен живот“, вели Шарлот, пренесе „Дејли меjл“.
Принтскрин/ ТикТок
Принтскрин/ ТикТок
Принтскрин/ ТикТок
Принтскрин/ ТикТок
@thecouplewiththedoll