Рецепти

Мрзлива пита со кокосово брашно (посна, без масло)

Реклама
Реклама

Прочитајте како да направите вкусна мрзлива пита со кокосово брашно која е посна и без масло.

Маркетинг

СОСТОЈKИ

300 гр. кокосово брашно
300 гр. обично брашно
300 гр. шеќер
1,5 кг. излупени и изрендани кисели јаболки

ПОДГОТОВKA

Маркетинг

Измешајте го брашното, кокосовото брашно и шеќерот. Од добиената смеса извадете 7 лажици, а остатокот поделете го на два еднакви делови. Во плех обложен со хартија за печење ставете ја едната половина и убаво израмнете. Потоа ставете ги изренданите јаболки заедно со сокот што се исцедил од нив и пак убаво израмнете. Над јаболките истурете го остатокот од смесата плус седумте лажици што ги извадивте претходно. Убаво израмнете и оставете да отстои околу 2 часа за да може кокосот да го впие сокот од јаболките. Потоа печете на 250°C околу 10 минути, a потоа на 200°C околу 40 минути. Откако ќе се испече, оставете ја питата убаво да се олади, а потоа исечете ја на парчиња во саканите димензии.

Како и секоја друга мрзлива пита, најдобро е да отстои еден ден пред да ја послужите. Пријатно!

{JFBCLike url=http://facebook.com/stipka layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light float=right text-align=right}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button