CelebrityНаши ѕвезди

МРТ преговара со ЕБУ – Детската Евровизија 2027 можно е да се одржи во Македонија?

Advertisement

Македонија би можела да биде домаќин на Детскиот избор за песна на Евровизија во 2027 година, откако Македонската радио-телевизија (МРТ започна разговори со Европската радиодифузна унија (ЕБУ) за можноста овој престижен музички настан да се одржи во земјава.

Во записникот од последната седница на Програмскиот совет на МРТ, одржана на 11 декември, се наведува дека во тек се преговори со ЕБУ околу организацијата на детската Евровизија 2027, што би претставувало значајна можност за меѓународна промоција на Македонија и за поддршка на младите музички таленти.

Advertisement

„МРТ во моментов преговара со ЕБУ за можноста за организација на Детскиот избор за песна на Евровизија 2027, што би било одлична можност за промоција на државата и поттикнување на младите музички таленти“, стои во документот.

Паралелно со тоа, Програмскиот совет на МРТ изразува поддршка и за враќање на Македонија на големата евровизиска сцена во 2027 година. Претседателот на Програмскиот совет, Давор Пашоски, информирал дека на 95. Генерално собрание на Европската радиодифузна унија во Женева, претставниците на Унијата ја изразиле својата подготвеност да ѝ помогнат на Македонија со соодветна техничка и организациска поддршка.

Во записникот се нагласува и потребата подготовките да започнат навремено и систематски, со цел Македонија достојно да се претстави на еден од најзначајните музички настани во Европа.

Последен пат Македонија настапи на Изборот за песна на Евровизија во 2022 година, кога Андреа ја претставуваше земјата во Торино со песната „Circles“, но не успеа да избори пласман во финалето, завршувајќи на 11. место во своето полуфинале со 76 поени.

И покрај паузата од главниот евровизиски натпревар, Македонија редовно учествува на детската Евровизија. Последна претставничка беше Нела Манческа со песната „Miracle“, која го освои седмото место во финалето со 141 поен.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button