Овие секси чорапи се хит меѓу блогерките – погледнете како ги носи една наша ИТ девојка
Овие чорапи ги освоија модните блогерки
Тие денес ги носат во комбинација дури и со фармерки и патики. Станува збор за суптилните мрежести чорапи кои некогаш беа резервирани само за свечени пригоди, а денес модните блогерки ги носат во сите пригоди. Од дневни до вечерни изданија, а во игра се сите големини (и должини) иако крупната мрежа и оние пократките, посуптилни модели се издвојува како маст-хев и посакувани за разно разни модни експерименти.
Можете да ги носите наместо класични најлон чорапи во комбинација со светли фармерки и популарните рамни папучи (види тука), салонки или сандали. Или пак во комбинација со „китен хилс“ (мачкини потпетици), но и со патики!
Да, да добро прочитавте!
Со патики можете најбрзо да стигнете до вашиот шик бунтовнички изглед…
Модната блогерка Вера Ангелакова во супер „треш“ издание …
Па, дали ви се допаѓа овој тренд?