CelebrityНовости

„Можев да загинам поради тебе!“ – Жестока кавга меѓу Дарко Лазиќ и жена му, бракот им виси на конец!

Advertisement

Бракот на фолкерот Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина виси на конец!

По тешката сообраќајка што ја предизвика пејачот возејќи пијан и без возачка дозвола, избила жестока расправија меѓу двајцата. Како што дознаваат српските медиуми, Катарина му се развикала: „Можев да загинам поради тебе!“, нарекувајќи го „пијандура“ која ја бламира пред целиот свет.

Advertisement

Катарина, која со месеци го поддржуваше Дарко во борбата со пороците, е длабоко разочарана бидејќи тој повторно посегнал по алкохол и покрај даденото ветување дека „ни капка“ нема да вкуси. Таа, според блиски извори, размислува за развод и се повлекла во својот дом, не сакајќи да зборува со никого.

Ситуацијата се влошила кога во расправијата се вмешала и мајката на Дарко, Бранка, која застанала во одбрана на својот син. Ова уште повеќе ја разлутило Катарина, која наводно му рекла дека не може повеќе да живее вака и дека сè што досега слушала за неговите лаги почнува да ѝ се потврдува.

Дарко, кој на сите начини се обидува да ја смири сопругата и да се оправда, моментално е во Белград за да избегне нова кавга. Но правните последици се сериозни – според адвокатите, поради овој тежок сообраќаен прекршок фолкерот би можел да добие парична и затворска казна.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button