Може ли млекото во маркетите да биде 50 денари? Велија Рамковски со генијален предлог за краварите
„Ем волкот сит, ем овците на број“, вели Рамковски ...
![](/wp-content/uploads/2025/02/velija-780x470.jpg)
Рамковски има нова генијална идеја?
Поранешниот сопственик на некогашната А1 телевизија, Велија Рамковски, на Инстаграм претстави една своја нова идеја.
Имено, тој се огласи и преку снимка апелираше до политичарите, но и до сите останати како млекото да биде 50 денари.
И како што вели тој во своето обраќање, државата би можела тоа да го направи доколку интервенира со народна регулатива.
Инстаграм/ Велија Рамковски
„Јас сум бизнисмен од главата до петиците“.
Инстаграм/ Велија Рамковски
„Размислувам како бизнисмен, зборувам како бизнисмен“, го започна своето обраќање Велија, па го додаде и следново:
Инстаграм/ Велија Рамковски
50 денари литар млеко, реално и остварливо
„Со народна регулатива сега од парите од цигарите 20 милиони земаат тутунарите, како субвенција, 100 милиона зема државата за буџетот“.
Инстаграм/ Велија Рамковски
„Народна правилна регулатива е 20 милиони да земи државата, за буџетот, 80 милиона да земат краварите“.
И како што вели Велија понатаму, на овој начин ќе го дуплираме производството на млеко и млечни производи. Од увозници ќе станеме извозници, истовремено овозможувајќи на краварите да земат 25 денари (плус 10 денари субвенција), што значи вкупно 35 денари. Млекарата би заработила по 18 денари од литар, и маркетот би земал по 7 денари, вели Рамковски во своето видео.
Инстаграм/ Велија Рамковски
И како што вели понатаму, на овој начин млекото би било 50 денари за граѓаните, со што и „волкот сит, и овците на број“.
Инстаграм/ Велија Рамковски
„Ем државата задоволна, ем тутунарите задоволни, ем производителите задоволни. Сите задоволни“, вели Велија во видеото.
Целото видео погледнете го во продолжение…